За брекстон не прашувај, па и по некоја менструална болка ме буди во ноќта. Од самата тежина на бебуш се ме боли, и си велам од самиот страт на бременоста искусив разни болки, и секогаш се беше во ред и со мене и со бебуш.Ама дали ке успеам да препознам кој се вистинските болки, и контракции.Јас со првото отидов во болница со пукнан водењак без болки, и секоја болка таму ја осетив покрај лошиот однос на сите сестри, а бабицата беше хорор па не се ни сеќавам искрено ни какви биле болките ни ништо
Епа мами како Брекстон исто, само ќе видиш дека не се смируваат, туку зачестуваат. И јас кога имав Брекстон се случуваше некогаш да се болни, некогаш безболни, некогаш да траат 5 секунди, некогаш 10 минути да ми биде згрчен стомакот, некогаш 2 контракции цел ден, некогаш 5 едно по друго. Ама кога ќе почнат вистинските се на правилни интервали и не прекинуваат. Не се смируваат со магнезиум, бањање со топла вода и промена на положба. Симни си ја апликацијава и секој пат кога ќе имаш контракција заведи го, ќе ти дава ориентација што да направиш (ако имаш чести контракции).
Здраво мешиња, сакав да ве прашам во кои приватни лабаратории испитуваат крв со упатн од матичен гинеколог, реон Аеродром? Денес бев со упат во Авицена, ми кажаа дека упатот важи само во Авицена Тафталиџе, отворив листа од фонд и ги прочитав Фармахем,Медикаплус некое искуство од овие?
Фала ви на сите за советите. Користев неколку пати Лактогин вагиналетки, да се консултирам со докторот па да предложам да ги пијам како што ме советувавте или да ме советува за други. Чудо еве 2 дена немам печење, ама малку сум помирна дека се чисти микробиолошките. Туку почна сезоната кај мене на кивање, имам алергија овој период и премногу кивам ужасно е. Вие што сте како мене, што спреј е дозволено да се користи во бременост? Да го барам, може ќе ме потсмири малку. Вака се осеќам дека многу си го напрегам стомакот, една партија кивање ми е над 10 пати
Моиве од самиот почеток идат со една недела понапред матичната ми вели големи бебиња ќе бидат ми предложи скриен шеќер да испитам ради сигурност инаку според плодова вода постелка се изгледало добро инаку имам пријателки што им иделе и со 2 недели порано па не било проблем
Здраво , Дали увинот чај е дозволен во бременоста? Мене нешто почна да ме чеша долу од денес сабајле, па мислев дали е дозволен да го пијам чајот а и исто така пиев и од брусница..
Вие што сте со генетски мутации до кога пиете аспирин. Јани ми рече до 28 недела евентуално 30.Како да е многу некако...
Фармахем. Јас цела бременост па и предходно таму испитувам. Одлични се. И ако одиш таму да знаеш да си влезеш одма преку ред да не чекаш пошо трудници имаат предност
Јас пиев до 30 г.н. по препорака на Јани. Но откако го прекинав аспиринот ми се намалија времињата на хемостазата. Активираното парцијално претходно ми беше над 26 а сега ми е 23.7
Мене гинекологот ми вика дека брусница подобро да пијам, увин не... И кога сум имала уринарни бактерии, секогаш ми викал или брусница, или увин да пијам. Да не мешам од двата. Така да поубаво да си продолжиш со брусницата.
Jas koga go prasuvav mojot maticen za koi caevi mozam da gi pijam go prasav I za uvin I caj od magdonos I mi rece deka mozam slobodno da si pijam.Taka da mislam deka mozis da si se napijas
Женски незнам дали овде да прашам бидејќи сепак е поактивна темата, кажете ми што облека да зимам за бебушко терминот ми е 4 јули ама сигурна сум дека порано ќе дојде, па ме интерессира бебиња родени тој период како ги облекувате? До сега само земав шпикозни на долги, памучни тенки, па планирам првите денови само боди од доле, и шпикозни ако е топло, а накај август ако биде топло да го соблечам на кратки.Една братучетка ми вели дека само првите две недели го облекувала на долги, а родено и е 10 јули....првото ми е родено во октомври, сега оваа ќе е летно бебенце.
Мајки сега добив резултати од уринокултура, како што пишува Причинител: 1. Streptococcus agalactiae (Streptococcus gr B) .. Дали е нешто страшно, утре ќе одам кај матичната да ги види резултатите ама да бидам на раат сега барем до утре да не му ја мислам да не штети нешто на плодот ? Инаку 26+3 сум.