Како не, јас и првата бременост и оваа сум со ниско железо. Со првата се продив со 5ка железо, многу искрварев си примав терапија ама не инфузии. Сега ми е 9.6 пијам хеферол од сабајле и навечер по 1 со 1000 ц витамин и за помалку од месец ми се качи од 3.6. Земи ако можеш тотхема таа најбрзо го качува со 1000ка ц витамин и после пораѓај примај ќе биде се океј. Консултација со уште еден доктор за мирна глава би те советувала
Мене ми е 23 јуни, јас си купив по долги. Прво бебче ми е немам искуство, ама си велам сеуште ќе е малечко за по кратки, а и ако му текни порано да излези почеток на јуни сепак не е толку многу топло. Мое мислење
Женски некоја искуство со покачен шеќер во крвта на гладно? Во петок ми кажа матичниот пак да проверам.
Многу е висока гликемијата на гладно (претпоставувам дека на гладно сабајле ти земаа крв, без кафиња, сок, оброк претходно). До сега како ти се движеле вредностите на гладно кога си мерела? Може и да е грешка во лабораторија, затоа и ти рекол матичниот да го повториш.
Терминот го делиме, но не знам што чекам со купување Јас само знам дека не сакам да биде сино. Оваа ми е последна работна недела и од викендов почнувам да се спремам ко човек.
Ние две сме ептен блиску... мене ми е 21 јуни. И јас купив по долги, пак е бебуле и подобро да му биде топло при одење дома, него ладно
19+1 сум бев на втор скрининг и докторката виде две цисти на малиот мозок ,па ме закажа по 2 недели пак да одам да се види дали ќе ги има или не,бидејќи од еден пресек гледано ги имаше ,а од друг не.Срцето грутка ми е не знам како ќе дочекам 2 недели. Ве молам ако некој има слично искуство нека сподели.
Денес се изгубив за сите пари. Колабирав три пати, завршив на инфузии, притисокот скоро и да го немам (80 со 40-50). Од друга страна, барем бебуш си го видов двапати, он е силен, фала богу посилен од мајка му, си напредува, се` е во ред со него. Ама со мене не знам веќе што се случува. Лактиферонот ич не ми помогнал за крвта, сега почнуваме со друга терапија и така... И уште нешто. Ми земаа брис за ПАП, после неколку часа прокрварив. До сега ми се нема случено да крварам после брисеви, нормално е или да паничам и за тоа?
Јас сум со превентивен серклаж.Болки една недела после тоа,но пиев апчиња таа недела.Еве после месец и пол немам никакви болки,само треба мирување
Мила, и кај мене на втор скрининг имаше едното бебенце мали цисти. Јас имав направено Нифти тест и докторката ми рече дека нема место за паника, тие обично се губеле до 27-28 недела. Треба само да се пратат дали се намалуваат.
И јас така прочитав,а и за време на прегледот дојде еден повозрасен доктор и тој го кажа истото дека по 27 недела се губат.Дај Боже да е така,мислам позитивно
Добра вечер мешковци, како сте, се тркаламе? Еден апдејт од мене: Јас почнав како топка да се осеќам, иако не сум многу здебелена, само во стомакот, можеби дека не сум навикната Денес 34+ на преглед си бев. Бебка си е таман, супер за неделата. 2300гр.тешка, свртена со главче надолу, позиција има фатено веќе За 10тина дена на прво цтг, и оттогаш почнувам со докторката што ќе ме пораѓа. Уф како лета време Со подготовки сме прикрај, уште некои ситници да докупиме, и после мама да се спреми за пораѓај и чекаме принцезата да излези Со душааааа чекам