Мами најдобронамерен совет, не трупајте алиштенца. Се докупуваат. Знам дека ви е мерак на сите и јас истото го правев. Моментално кнап му се 50ките,другите му се широки. А имам преку 15 комплетчиња и шпикозни по долги, што веројатно кога ќе му се точни, ќе биди претопло за да ги носи. Дури и сега преку ден го оставам по боденце по кратки нагоре, надолу по пантолончиња за да не му е жешко (дома ни е 25°с). Да ги пофалам бодињата од џорџ, препрактични и преслатки.
Јас така купив 50ки и 56ки еден куп по мерки бебе мислев голема ќе биде кога излезе 3кг 50ки големи па купувај мали... овие 56ки мислам дека нема ни да ги облечи оти тука е веќе жешко врата отворена бебе по боди по долги и хеланчина ништо друго... Кога си дојдовме кога ја изнаболеков мислев дека и студи ептен оти рачиња ножиња камен-ориентација само по топлина на градите.... и беа кога дојде патронажната кога ми се развика скечови бевме ... Сега си знам бебе како ти што се чуствуваш облекување ништо фазла .... Затоа не купувајте многу многу по долги поголеми бројки има време кога ќе се роди ќе појдиш ќе си купиш барем ќе знаеш дека ќе ги износи вака овие џабе фрлени пари најдобронамерен совет и од мене
Еее другарке колку бевме загрижени немој малку да се хахах и јас на крај пола од тие не стигнав да му ги облечам од причиниве што ги наброја. А од George бодињата и шпикозните се закон, јас сега нарачав следна бројка по два сета за летово со кратки ракави. И боди бенкици од Waikiki outletot маж ми купил неколку пара и тоа за ич пари зошто секој ден се пере и се суши.
Нема подобри бодиња од тие на џорџ. 7 се во пакувања и ништо повеќе не ви треба од иста бројка. За почеток 7 бодиња и 6 (по 3 во пакување се) шпихозни на џорџ и на коњ сте.
Па ако сакаш да се точни на почеток 0 3, освен ако не е бебето ептен крупно, над 4 кг. И на крупно бебе ке му се точни ама многу краток период.
А за колку време стига нарачката, конкретно за тие што имаат нарачувано од Tiny baby? За почеток имам доволно, но да си знам за понатаму.
Од тајни стига одма, за ден два затоа што нарачуваш само тоа што има на залиха. Мене утредента ми стигнаа.
Online детска облека - Sunny и Тiny baby. Јас начекав и 10ком пакет за 1500ден од Sunny. Ми стигаат утредента или за два дена пд нарачката.
Се договоривме дека ќе продаваме тоа што ќе остани неискористено. Јас дури на подарок и дупликат алишта добив.
Не памтам дали се напив витамини денес ама мислам дека не.. Пијам прегназон маг цитра и метилирана.. Што е пострашно да пропуштам ден или да се напијам 2 пати?
Според мене подобро е да ги пропуштиш еден ден него дупло да испиеш. Земи си нешто цедени сокчиња, салатки ќе си недокнадиш витамини
Јас не би се напила. Според мене подобро е да се пропушти, отколку дупла доза да се земе иако станува збор за витамини. Во некои од упатствата зборам за лекови конкретно пишува дека е подобро да се почека до нареден термин за земање ако се пропушти или заборави дали се земало.
Јас нарачав од Baby Shopp два комплети од 1500 денари и многу се убави. Достава над 2000 без пари и плус за два комплети ми пратија и гратис чевлички. Во еден комплет има шпикозни едноделни, комплетче дводелно, боди со кратки, чорапчиња, нараквичиња, капче, лигавче, бенкиче и тенко ќебенце - пелена. Исто гледам има по два комплети дводелни со капчиња за 800 денари. Преубави се
Симни ја апликацијата My Therapy од play store, ќе си внесеш шо апчиња пиеш и во колку саат и ем ќе те потсетува ем ќе си штиклираш кога ќе се напиеш и нема да му ја мислиш. Жив спас е! Иначе и ја мислам подобро прескокни него дупло да испиеш.