Јас секоја вечер умирам од нозете, болките во стомак ми се намалија ама нозете жежат чешаат па и рацете исто. Ми иде косата да си ја откорнам. Не ми помага б6, некогаш пијам диазепам само да ми се смират малце. Јас имам уште да возам 26 сум а бебе одговара на 28 ма. Само да малце да ми се смирија нозете.
Мене ми помогна доксициклин за уреаплазма. Го пиев 10 дена паралелно со некои мултивитамини или пробиотици, не се сеќавам, ми предложи аптекарката зашто бил тежок антибиотик. Ама ова одамна, не бев бремена тогаш. И толку, само таа доза ја пиев, тестот беше негативен после тоа. Не знам дали може во бременост да се пие доксициклинот, провери со доктор најубаво.
Јас имав уреаплазма 2 пати и баш тешко ја лечев.ова пред бременост. Во вториот наврат што све не пробав што се вели. И на крајот токму после бетадин вагиналетите ја излечив. Не знам дали досега си ги користела ама да те предупредам за да не се исплашиш. Ненормално многу печат. Јас на првото ставање од памет се извадив и земав да ја тргам вагиналетата па се миев пола час со ладна вода. До таван скокав од толку што ме печеше. После др ми кажа оти така мора да биде па некако смогнав сила да продолжам да ги ставам.
Денеска сум премногу отечена, рацете, прстите, нозете...едвај одам. 34та недела сум. Има начин да се намалат отоциве?
Помалку солено - повеќе одмарање. На нозе гледај колку можеш да си помалку. мене левава нога поотечена од десната едвај чевли си најдов, да не бидам ко баба ми во нозете
Мила добредојде на оваа тема, не ссмо дс ѕирнеш туку и ќе си поседиш 9 месеци тука со господ напред овој пат ќе биде во ред.Јас на 26 септември ембриотрансфер, на 12 ден после трансфер прва бета 370 отприлика, после 7 дена на 19 ден после трансфер бета втора 7000 и нешто тогаш вагинално само точка се гледаше и по 7 дена се слушна срценце
Кај го правиш испитувањето на брисевите? На клиника? Ако е на клиника, мој најдобронамерен совет и ве молам не ме колете и бесете, да си повториш во приватна лабараторија, Биотек или Авицена. На клиника користат некои сетови за тестирање со многу лош квалитет и многу често има лажно позитивни резултати баш за уреаплазма. Јас исто во 12та недела кога испитав на клиника ми појави као позитивно и се сомневав. Не користев антибиотици, само бета глукан за јакнење на имунитет пиев еден месец. После повторив на приватно и се си беше ок, чисти си беа брисевите.
Магнезиум не пoмага? Или да ги пoќиснеш вo вoда сo млака вoда. Денес завршив сo пoследен преглед каj матичната и пoследни брисеви. Бебе 3040 грама, дoктoрката вели спремнo за искачање, нo да издржи уште една недела за да биде терминскo. Вели тешкo дека ќе истереаш дo 40 недела. Вчера се тегнеше, буташе сo глава дечкo мислев ќе излезе. Дури се напив два магнезиум да се смират стврднувањата вo стoмакoт. Нoрмалнo ли е вака каснo 35+5 да ме фаќаат киселини? Земав и прoлетнo кoмплетче пo дoлги за излагање oд бoлница па oд денес пoчнувам и сo перење. Какo сте вие мешиња?
Не помага ни магнезиум, се мачкав со еден тоник ни тоа веќе не помага. Е вчера ова го видов па ќњ вкдам во дм кај нас дали ги има. Мене со првото баш тогаш ме фатија киселините ама среќа и тогаш се породив па немав мака.
@Bubce38 ептен, ептен, ептееееен ми е мило! Ти честитам! Најлесна бременост да си имаш, со школски тек. Гали го мешко и уживај ги наредниве месеци.
Да. До пред скоро работев како комерцијалист за аналитичка опрема и точно знам какви китови користат на државна.
Какви стврднување чувствуваш мајка? Јас еве нон стоп чувствувам ама на тоа место како чир се испакнува нагоре и проследено со движење и јас препишувам дека бебе напиња дали со газе дали со нешто друго и затоа така се стврднува и се оптега... Да не се тоа уствари тие брекстон хикс јас да си мислам нормални движења се??
Да баш прашав кажа пoдгoтвителни кoнтракции за пoраѓаj. За првoтo немав ама oва какo целo тoпче искача и така oкoлу 10 секунди ќе се пoвлече.
Ја следам и јас оваа баш ги видов овие, наредно идење во дм ќе земам. Ако земеш случајно па сподели дали има ефект
А јас све си викам еве му го газето, или ако е помало топче рачето, ножето и си ги галам. Ама во исто време и бебе е ептен активно па затоа некако логично ми беше оно да запиња. Баш и јас ќе прашам
Авицена ги пушта матичниот брисевите не се на државно.. Преплашена сум еден ден не успеав да се израдвам како човек.. Си велам па од бактеријата да не се болките што ги имам ниско долу. Секој момент само да очекуваш нешто дека ќе се случи