Да се приклучам од денеска и јас со мамичките кои се на мирување, и јас мора повеќе лежење и одмарање
Ги има некој пиено овие за железото? Мене ми препишаа матичните, ама како да не беа овие препишани... Гледам на нив пишува "ако сте бремени консултирајте се со вашиот лекар", па некако не ми се сигурни. @Be-yO-nCe мене еритромицин ме спасија од уреаплазмата, веднаш се повлече.
И според мене е бебе ,да, се испакнува како топче ама се осеќа и мрдкање и на друга страна....мислам си се подместува
@stevemila @KonstantinaM и кај мене е така, баш се осеќа мрдање и како поместување на раче, ноже незнам, битно проследено со движење секогаш, јас бев уверена дека е тоа баш и се замислив сега... Ќе видам што ќе каже докторица
Од вчера константно болка во половината осеќам, само сабајле до пред да се размрдам ми беше таман после си продолжи, и јајниците на моменти знаат да ме фатат, па бев на преглед се е во ред засега и грлото, но забележа докторката како исцедок па ми препиша вагинални до понеделник,вторник за брис и урина а во меѓувреме мирување и утрогестан утро вечер, друго незнам.. А за игри не е проблем готово договорено
Ќе биде се во ред, полека само.. Како менструални болки или? Магнезиум и утрогестан е комбинацијата, без секирации! До каде стигна?
Дај боже, па да кај јајниците како пред да иди менструација ми е, инаку денес 18+2, покриена сум си викам добро со терапија се боцкам и клексани плус утро вечер и така
Биди си смирена, викендов излежи си го, поуживај малку, не значи дека цело време ќе лежиш ти праќам поздрав и поддршка!
Морам си се помирив веќе не е проблем, како ќе налага ситуацијата понатаму така, се надевам оти се како менструални не е страшно незнам..поздрав и до тебе исто тука сме да се поддржуваме и дружиме нели
Истото ми се случи и тоа пред скоро 5г. 12та нед, позитивен брис на уреаплазма (а немав симптоми), ми јавува сестрата од кај матичната и ми вика, аман што е ова секоја втора трудница со бактеријава (и сакаше да пијам антибиотик), што ме замисли и ме натера да проверам пак приватно. Приватно резултатот чист... Маж ми се пошали дури, изгледа машината за испитување им фатила уреаплазма (имам пишувано за ова и тогаш тука..)
Ќе видиме вторник на брисевите, оти закачив ешерихија но ја излечив се надевам не се повратила пак, не осеќам ни чешање ни пецкање ништо такво, мирувам од прееска само до вц аум, си го видов бебето и гледам да не паничам, фала за поддршката