Кај мене само еднаш дојде партнерот и матичниот го пушти. Ама на влез стои да се оди без партнер и ретко пуштаат како што гледам. Во Плодност одам сама, па не знам дали би го пуштиле.
зависи од докторот, ако сака он тогаш може. Мене кај матичната и кај докт што ќе се пораѓам не ми дозволија, а кај друга др што одам плус приватно таа ми дозволува. да не беше таа немаше мм да го види ниеднаш на ехо - вака два пати си го виде
Зависи од докторот мене кај матичната не го пуштаат ни во ходник... кога бев на втор скрининг кај друг доктор таму го пуштија, каков мерак тоа беше
По 37ма по книга, но сепак, индивидуално е тоа... некои дишат сами во 34, некои во 36 бараат посдршка.. Ти си ептен на крај, што му ја мислиш
Mene mi dozvoluva Madjunkov, maz mi Dur bese ovde vleguva se toj i kerkičkata, pred dve nedeli so mene vleze majka mi i kerkičkata
Mojata se rodi vo 34ta,nw bese vo inkubator, sama disese. Ama imav za zreenje primeno. A imase i dobra kilaza
Мене ми кажаа дека 37ма недела се смета за терминско и е спремно за раѓање. Но сепак зависи од бебето. Не, никаде не му фозволиле да влезе.
Два дена имав контракции и болки, кои не се смируваа со ништо. Во државна болница ми кажаа дека нема време за зреење, мора да го родам, но нема да прижевее. Постелката била готова да се одлепи и бебето имаше многу слаб пулс.Протоците беа добри,грлото на матката омекнато,цервиксот добар беше. Бев 33недела, бебе со некои делови каснеше 2недели. Се преместив во приватна после, таму бев 2дена, ми ги смирија контракциите,одма примав 2инекции за зреење, на 24часа, се договоривме уште малце и го вадиме со царски. Дома бев на строго лежење, буквално само вц и кревет, одев секоја недела на преглед, бебе се нормализира, постелката стои, одлучија докторите да тераме дури можи така и бебе се сврти за природно породување. Еве сме 38+5гн денеска, појма нема за раѓање хаха
Добро е што си отишла во приватна болница. Фала му на Господ се се средило. Ајде мајка ситно броите, наскоро ќе се гушкате
Даа..Мм ми рече да барам друго мислење, јас бев избезумена, не размислував воопшто, во шок бев. Да да, се гледа крајот
Кога стојам подолго време на нозе од лева страна во висина на папокот имам силна болка како да ме боцка нешто или ми се кине мускулот. Штом седнам веднаш се смирува. Веќе паники ме фаќаат, а на контрола сум дури на 28 за втори брисеви. Ќе закажам од понеделник за Плодност ама сакам да прашам дали некој има слично искуство?
Примав веќе терапија.. 2 дози Сумамед и Нео Пенатран вагиналети. Ќе почнам со пробиотик па Понеделник ќе се договорам со докторот.. Кај мене не се излечи за жал.
Јас имав два спонтани и кога останав трет пат бремена само си рекпв ТРЕТА СРЕЌА МОЈА СРЕЌА.. и еве сега ја имам мојата ќеркичка до мене која има 7 год а синко ми е во меше 28 нед.. и пред него уште еден спонтан но никогаш не се откажав .. само ПОЗИТИВНО.... и верувај се ќе биде во ред. Гали меше и позитивно
Of daj boze i moja treta srekja da bide i jas eden den vakov primer da davam nekomu i da go bodram deka se ke bide dobro! Mnogu mi znachi! Blagodaram!
Другарки едно прашање,проверував еднаш брисеви после 12та,и сега следна недела ќе имам преглед 35та недела и докторката ми вика само стрептокока...какво е вашето искуство,да инсистирам и за другите или да ја послушам?!
Јас правев брисеви во 22 недела Чисти беа, сега не ги правев пак И во вторник правев само за стрептокока во 34+3 недела Вчера ги земав и тие се чисти
Девојки дали во 21 недела сте чувствувале подујаност во стомакот имам чувство дека мускулите и кожата ми се растегнуваат до бескрај на моменти и ко да ми е тврд стомакот дали е нормална оваа појава за овој период ни една положба не можам да ја фатам за удобна иако претежно на лева страна сум легната по препорака на матичен ради проток на крв