Да, тој период па нон стоп чувствував подуеност, посебно после јадење, зашто редовно се прејадував, незнаев да ги делам оброците. Мислев дека ќе ми прсне стомакот.
ke se izleci, ne se sekiraj, probaj i so nekoi prirodni lekovi, znam nekoi imaat pieno koren od ren vo belo smederevka vino, znam malku e smesno, ama nekogas vakvi raboti pomagaat. rasprasaj se, moze nekoj ima pozitivno iskustvo
Здраво девојки, ве читам сте пишувале за Флостеронот .... токму сега мене ми се случува тоа, во средата и четвртокот примив две дози во 30+6, веќе два дена движењето на бебето е драстично намалено т.е не ја ни осеќам, се извадив од памет и одма на клиника, ме ставија на цтг бебе било ок и ми кажаа дека највероватно движењата се намалени од флостеронот. Дали неактивноста трае неколку дена? Дали правевте дополнителни испитувања? Ќе ве замолам за секакво дополнително искуство и извинете за долгиот пост.
Кај мене 2-3дена немаше воопшто мрднато, ми кажаа дека е нормало па не се загрижував. После си се врати се во нормала. Испитувања не правев никакви од после, освен тие во болница дури ги примав. После си продолжив со нормални прегледи.
Денес 34+3 и цел ден лажни контракции постојано ми се стврднува стомак, па ми пушта Немам болки, али уф кај папокот како да ми се растегнува кожата мислам.
Normalno e posle inekcii za zreenje na pluka. Jas primiv vtora doza dva dena pred carski. Ne mi mrdase voopsto, počna da mi mrda dur me spremaa za carski
Во Плодност кај др Таше сопругот секој преглед влегува со мене,ама и он е пациент таму бидјќи се лекува од хпв вирус.Само во чекална не дозволуваат да чека ама кога ми е мене редот доаѓа и влегува.Еве 37 недела секој преглед влегува
Девојки, јас би сакала да отидам на второ мислење за полипот во некоја од приватните клиники. Конкретно ме интересира за Систина од кој доктор ве има најмногу задоволни, и на кој број закажувате?
Јас ти го препорачувам доктор Дракулевски....https://instagram.com/slobodan.drakulevski?igshid=by1vw0mkg7z9 во скоро секоја објава најдолу го има неговиот број,можеш да му се јавиш и да си закажеш.
Девојки можеби е глупаво прашањето но дали верувате дека ако украдете/земете нешто без прашање ќе се појави белег на бебето?
Не Белези, хемагиоми се појавуваат при едноставно нешто понеправилна делба на клетките, на капилари, другово? Гола вода
Темава е доста активна па да прашам има ли кај некој мерките на ехо да не се поклопуваат со неделите. Цело време го води матичната како поголемо бебе за една недела, ама на двете последни контроли бутната коска отстапува т.е. е помала од другите мерки за 2 недели скоро, ја прашав што значи тоа и ми вика ништо страшно, може е подебелко само (бутната коска беше 34+2, мешето и главата 36+3). Ама се изначитав глупости по интернет и се загрижив да не е даунов. Инаку бев на сите контроли до сега кај неа и мерките во 11 недела си беа супер, 1,7 нухален набор и имаше носна коска, ми рече тогаш дека нема потреба за приска, ама сега ова ми направи паника. Од друга страна не знам колку точно може да се измери тоа, во првата бременост ми рече околу 3кг ќе се роди бебето според нејзините мерки, а родив 3600г бебе. 35 недела сум инаку, уште малку ќе се запознаеме со бебуш па не ми се оди по доктори дополнително оти и да има нешто не можам сега да сменам, ама да си ја смирам потсвеста.
Кај мене на предпоследниот преглед рачето одстапуваше за 2 недели скоро помало, ама самата докторка рече дека не е ништо страшно и дека може и мерките да не се точни. На наредниот преглед немаше одтстапување толкаво
И кај мене моментално истиот случај но ништо нее загрижувачки. Главата е за две недели понапред исто и мешето, бутната коска одговара на неделите. Првото детенце ми беше така и си беше се ок затоа не се секирам. Главата е секогаш поголема.
Ако е страшно ќе ни кажат, сигурно нема така да остане после да се чудиме. Чим не кажуваат ништо лошо значи се сие во ред.