Мешиња какo сте? Oфициjалнo вo 9 месец Денес мнoгу вредна, испегланo и среденo за бебе. Наместен релаксатoр, креветче, гнездo...дури тепих за вo сoба му купивме. Земавме и лепенки за на sид па ептен слаткo дojде. Дoкупив штo треба за мене, па сега oстанува мojата тoрбица и на бебе за искачање да jа спремам. Мнoгу пoчна да ме фаќа срав иакo леснo прojдoв првиoт пат, не знам заштo вакви мисли без врска. Вие дo каде сте? Спремнo е се?
Па мислам дека нема некоја посебна разлика, освен што послабо се осеќаат движењата ако е предна, удира во постелката, а не директно на стомак. Јас и првата бременост и сега сум со предна постелка.
Ајде ајде ситно се брои, само позитивно Јас од следна недела во 9ти деновиве да видам што фали да докупам, викендов да перам, пеглам, и после спремаме торбиците и чекаме бебка да излези
Кај мене 16 недела матичниот гинњколог ми кажа дека мисли дека е девојче ама не е сигурна, на следниот кај неа пак девојче ама пак не е сигурна тоа беше 20 недела, после две недели од тоа бев кај друг доктор поради втор скрининг тогаш тој ми потврди девојче се криеше бебушката цело време. Велат кај машко побрзо и полесно се гледало...
Да и јас така прочитав некаде ама ми се чини пандемијава е при крај и ќе си се вратам на работа наскоро
Да си олеснам. 35 недела сум. Ме фати некоја ужасна паника, не знам како да објаснам. Особено од последниот преглед вчера. Страв, ужас, паника и лошо чувство. Ниту една позитивна емоција. Немам воља за ништо, онака се ми е сеедно (на страна од бременоста). Терам повеќе од што морам, не толку од што имам желба.
Не верувам дека и при крај,дури не се вакцирана поголемиот дел од населението. Ако треба да се вратиш, отвори патолошка бременост.
И јас за ова размислував, што ако од нигде кажат дека треба да се вратиме на работа Се надевам дека нема, имам уште цели три месеци барем, а стомачето ми е големко, следи топло време, ич не би ми се одело.
Девоки и јас со страв зиркам во оваа тема со душа чекав да дојдам тука. После 3 годишни маки за забременување. Имам еден спонтан позади себе (пред 3 и пол години). Вчера имав бета 1600. Бременоста е пријатно изненадување. Имам 2 ца доктори - едниот матичен другиот ivf специјалист и кога им соопштив никој не ми препорача прогестерон. Што мислисте треба ли да барам на своја рака или да си оставам природата да го направи своето
Со лесно Убаво би било да ставаш утрогестан вагинално, мене ми препиша уште крај на 4та недела кога се виде сакус и жолчно ќесе. И кажав дека имам мали грчеви како менструална болка и ми даде утрогестан навечер по 200мг и мислам дека многу ми помогна. После првата вечер одма се осетив подобро без грчеви и болки. Прва бременост ми е и не сакаше да ризикуваме докторката. Утрогестанот е добар бидејќи не може да наштети, јас го земам превентивно, само како поддршка на плодот, го зацврстува зидот на матката и потпомогнува во вгнездување на плодот. Разговарај со матичниот сепак. Со среќа и со лесно уште еднаш
Разговарај со нив дали да земеш. На своја рака ништо. Ако нема потреба, зошто да користиш. Мене утрогестан ми дадоа зошто прокрварев, кога прекина крварењето, ми ги прекинаа.