И двете се мали, 3 мм разлика гледам јас. Близнаците често не се исти, не се ни раѓаат исти. Ти посакувам лесна бременост.
Бубче имаше случка ваква кај Др Лазаревски едно вратено ама одпосле се дели и се имплатира и околу недела дена разлика беа ембрионите баш тој ми кажа штом има вреќичка ембрион е, не му се секирај господ ке те израдува со две само не прекинувај клексан, аспиринот прекини го мене ми го прекинаа баш кога имав кафенко розево во 7 недела и после во 12 недела пак ми се појави ставав утрогестан до 13 и толку... Баш пиши кога ке одеш да слушнеш срце ама две ке се слушнат во тоа биди сигурна одмарај сега и гали меше
Не се трпи оваа алергија, само кивам, ми тече и чеша нос, очи...ужасно. Неможам како човек да си излезам надвор, кивам цело време отечена сум како бумбар. До јули месец ми е најјака алергијата, иако не сум се тестирала овој период сум ваква. Доктор Владимир некогаш ми е чуден, оној преглед толку беше некако незаинтересиран. Јас го прашувам тој си мести некои кабли со завртен грб, нов ехо апарат му беа донеле. Ми вели мораш да се тестираш на што си алергична, а може и не ти е алергија Има ли некој лек што е дозволен ?
Da,da bash taka samo aspirinot ke go prekinat na nedela dena,a kleksanot prodolzuva pa go vrakjaat posle pak aspirinot. @Luni kako si ti drugarche?
Ама кај мене се вратија два ембриони Нема што да се дели. Ако се дели зар тројка ќе треба да раѓам . Се слушнав со др. Рече све дур нема свежа крвчичка да не прекинувам аспирин. Клексан па никако прекинување. Го снема и розевото. Изгледа ќе морам да почнам да лешкам повише. Јас ептен лабаво си ја затерав работава
Оффф така беше два беаа ми текна нели ми кажа де...епа и двете се фатиле само едното покасно.. Ајде машала работата ке тргне само лежи повеќе и до вц само деновите.. Покриена си со терапија немаш гајле... Се радуваме за тебе и те чекаме со убави вести..
Јас пиев витамин е до прв скрининг, од 400 ие. Инаку и мене времињата ми се скратени, а димери во нормала. Трансфузиолог вика, се е во граници и одговара за бременост. Терапијата е таа аспирин /клексан. Фати позиција на кревет и ќе се удриш на домашно легачење, домашно кавенце и чорбичка Може па едно се фатило, а после се поделило, па ќе си добиеш еднојајчани
Супер другарке еве 29 недела мрдка бебето машала. Флостерон инекција на 28 недела примив за сваки случај докторот ми рече за да созреат белите дробови не ми беше јасно зошто како превентива иако немаше индикации за предвремено раѓање па сега на 28 сум пак на контрола 30 недела па ке видеме до кај сме инаку сме супер 1280гр.тежиме протокол нормален и така вие како сте?
Мила две среќички ќе бидат со господ напред како награда за целиот тежок пат досега што го изоде.Второто душиче малце подоцна се имплантирало и затоа ти се појавила сукрвица.Јас во 7 недела имав кафен исцедок и аспиринот ми го укинаа само фраксипирин си продолжив.Сега одмарај си повеќе.Јас искрено до 12-13 недела направив дупка во гарнитурата дома и потешко од чаша дома не кревав.После првиот скрининг и после нифтито си продолжив се нормално,фиизчка активност,шетање секој ден,вежбав јога до пред една недела,сите домашни работи.Затоа сега одмарај овие две три недели.Со лесно мила
Мене секое крварење и секој хематом ми се повлекувале само од лежење и тоа по две недели само станување за во вц и за јадење и покрај терапијата заклучив дека тоа ми е единствен спас на почеток се бунтував ама сега ми е тоа практика еве 22 недела терам ин витро близначка бременост
Дали уште некој поминува низ ужасен страв од тоа што го чека на пораѓај? Работам претежно со жени и сите ми кажуваат дека е страшно тешко, рани, гноеви, немање сила со денови после пораѓање ни да станеш. Го очекувам најлошото. Знам дека не треба, секој со своја приказна ама е појако од мене. Знам дека е тешко и не сакам никој да ме лаже или да ме теши, само не знам како да се справам со стравот и стресот, до таа мера паничам што не можам да се смирам ден и ноќ. Немам верба во доктори и сестри по се што слушам. Како се справувавте со стравот вака кога се приближувавте до термин?
И мене целата паника ми се правеше само од тие глупави муабети. Ама секој е приказна за себе. Пробав да ги откачам сите тие негативни мисли од глава и со најубава мисла појдов да се породам. Сѐ ми помина ко во сон. И да боли, тоа е само додека трае чинот, после сѐ исчезнува како со гума избришано. И кога ќе ги видиш тие очи што во тебе гледаат сѐ, ќе заборавиш на секоја болка. Јас станав 2ч после спонтано породување. Ми беше тешко, нема да те лажам дека трчав, ама далеку од тоа да не можам да одам. По неколку часа можев да се туширам. Боли раната, како и секоја рана. И прст да пресечиш боли. Додека си во болница ќе си бараш аналгетици ако имаш болка. После ништо нема да ти треба. Јас 2 пати побарав аналгетик, дома по 3 дена веќе си се движев и работев најнормално како и претходно. Мене раната потполно ми зарасна за десетина дена. Третирана само со вода и сапун. Ни гној, ни крв, ни ништо немав/немам. Тргај лоши мисли и туѓи искуства од глава, сѐ убаво ќе помине.
и ја сум иста, а треба да се пораѓам во јуни со липите, кој знае како ќе преживеам, дека царски сигурно ќе биде си викам леле кивањето ќе биде убиствено. Со спрејовите у принцип нништо не смееш, ма да мене Ивановски ми викаше за првото можам Фликсоназе а сега Кузеска вика ништо не смееш освен ептен ако не мпжеш да дишиш само тогаш Фликсоназе.
Првото со царски се опраив тие 5 дена во болница, после дома си праев се сама, околу бебето и домаќински работи многу помалце болеше. Вториот ден по пораѓај ми беше најболен ама се движеб доста во соба, за жал мора не се секирај, само идејата за пораѓај е страшна, чим заврши тоа после ништо нема да биде тешко.