Женски бев денес на прво цтг, добро е, рано е засега вика, имам време а јас преплашена бев овие дена сакав во 9ти да влезам само. Сега се смирив Бебчето ми е супер, околу 2600гр.свртена надоле и чека да излези Туку сега си го читам извештајот и не разбирам што е тоа NST - реактивен знае некоја?
Јас. Се знам себе си, кукавица сум за болки. Повеќе од пола живот викав дека нема да имам деца, само поради стравот од пораѓај. Откако видов пар видеа со пораѓај, искрено се прашувам како ќе поминам низ сето тоа, ми изгледа невозможно. Од самата помисла се укочувам од страв, се парализирам. Страв ми е од болките. Страв ми е дека трае цел ден, може и повеќе. Страв ми е од третманот во болница. Никогаш не сум ни била во болница, страв ми е од самата болница. Страв ми е и од царски, самата помисла од операција... Страв ми е од раните. Знам, кукавица сум. Понекогаш успевам да се утешам убедувајќи се дека е само момент, нешто низ што ќе пројдеш и завршува (ваљда). Не трае со недели или месеци или години. Еднократен процес. Понекогаш се убедувам кога сфаќам дека немам избор, едноставно трудна сум и ќе дојде денот кога бебето ќе треба да излезе. Надвор од моја контрола е. Ќе морам да поминам низ тоа, и тоа е тоа. Најмногу ме теши фактот дека ќе си го видам бебето. Секојпат кога мрда и му ги гледам движењата, ме радува. Кој знае колку е убаво вистински да го гледаш. И да можеш да го погалиш и бакнеш. Се трудам да мислам на тие нешта. Во меѓувреме као демек ги повторувам практиките за дишења. Медитирам. Пешачам и правам вежби. Сè со надеж дека можеби тие нешта ќе допринесат за полесен и побрз пораѓај.
Има уште и уште, ама да издржам уште 4 недели би била на коњ (ко за мене) Ќе видиме како ќе оди се.. имам добри денови, лоши денови, болки, плачки, гушкање...ако ништо друго, внатрешниот свет и емоции ми го заменија надворешниот Битно од киселините од +6 не мрдам...да се фрцкам на царски
Господ дава сила во такви моменти, никој од нас не знае колку е силен, се додека не дојде момент кога единствена опција е да стиснеш заби и бидеш силен, не дека и јас не се плашам, ама се обидувам да не мислам на тоа, ќе помине и тоа чудо јас се тешам со тоа што порано жените буквално на нива раѓале, без никакви анестезии, епидурални, техники за дишење, урми и чаеви и тоа по 5-6 деца
Јас знам дека не сум за овдеама ве читам редовно и ете сакав да и пишам на @Emotional123. Јас сум тежок паничар( кој ме памти, знае). Првата бременост дека не знаев ништо, се плашев, ама не 100%. А имам другарка, се породи 1 година пред мене и иако лесно помина, она кога го опишува нејзиниот пораѓај, тоа е хорор филм. И ок, со мали врски, без анестезии и чуда, на бокс бев 40 мин. До вечерта јас веќе бев станата. Да, боли раната и да се ти е ново, имаш/немаш млеко....Ама е краткотрајно. Е со вториот пораѓај, сама си направив проблеми од страв. Цела бременост во кревет, болки во стомак од ден на тест до пораѓај. Ама не знам зошто имав ужасен страв од пораѓајот. Овојпат со поголеми врски. Сестрите таму ми се чудеа. Ми се тресеа рацете, не можев да се смирам од страв. Ме убедуваа, ме тешеа, не и не. Јас како да се губев. Дури и кога докторот дојде да ме провери, не можев да напнам, ми вика така не се напнува. Нема да можеш вака и јас уште повеќе испаничив. Се породив со лајт спинал(според анестезиологот, беспотребно барав анестезија). Единствена работа на почетокот, од прием ми беше што си го "делев" целиот пораѓај на етапи. Значи ми беше страв од приемот, ајде ме примија, цтг, клизма и лежев. И си реков ок помина една етапа. Лесно беше. После пак преглед, пукање водењак - ок, помина втора етапа(не беше страшно). Е после имаш период на појаки болки, болки кои се појавуваат па се губат и така во круг. Верувај се издржува, колку и да се плашиш.. И следи последната етапа, качување на бокс. Таму највеќе страв и паника(за мене). Колку и да е излитена фора, фокусирај се на советите од акушерките. Јас стварно од страв не слушав што ми вика докторот, ама една акушерка ме спаси, ми вика таму пред сите и пред докторот - погледни ме, само мене слушај ме и види како да дишеш правилно. Ми рече смири се само 1 секунда, ми покажа и тогаш уствари сфатив, односно се соземав и со неколку напони се породив. Во тој момент болките ти се чинат екстра страшни, нормално болки се. Ама верувај, измеѓу стравот најди сила само да не викаш и да слушаш што те советуваат акушерките. После следи најубавиот момент - бебето во рацеСледи шиење, за кое добиваш анестезија. Да, боли и тоа ама верувај тогаш поинаку ја осеќаш таа болка, како небитна да е. Лежиш 2 саати на бокс и во соба. Јас само што ме однесоа во соба, после саат или 2, станав демек со сестра да се туширам. Она излезе, јас сама се истуширав, облеков и се вратив во кревет. Од утредента бев на нозе. Ете, не секоја трудница сака да слушне колку боли, ама верувајте стварно се заборава. Доколку можете гледајте видеа со правилно дишење при пораѓај или читајте како треба. При болки мене таму ми викаа да се фатам за креветот со двете раце и да се мрдам лево и десно да се смирива болката. Јас и при двата пораѓаи, од прием до пораѓај поминав за 5 саати. Извинете што ви се "тупнав" во темата, ама во многу постови ае пронаоѓам, сум поминала низ истото и потполно сфаќам. И уште нешто, заборавив која трудница беше, мислма @Be-yO-nCe дека имала болки цело време - јас и во двете бремености имав менатруални болки од почеток до крај. Не знам каков преглед веќе не ми направија,(вклучувајќи и ЕМГ на матка) за да до крај на бременоста 3ца доктори да ми кажат дека имам осетлива матка и дека заради тоа така пoјако ги осеќам болките. Така да, може стварно си поосетлива и заради тоа ти се болките. Да ви посакам само на сите лесна бременост, многу лесен пораѓај и да се радувате сите со полни раце и полно срце
Ти си лавица веќе на крај ајде не се уште многу тие недели стисни заби и се ќе биде,а за емоции да не прајме муабет хаха.. за киселини немам уште мака
Јас добив труднички ринитис ме држеше скоро цела бременост. За да дишам навечер ставав мералис спреј за деца дозволен во бременост, ама ептен ако не можев да издржам неколку пати искористив тафен назал ми го препиша специјалист за уво, нос и грло се консултираше пред мене бил дозволен во бременост исто. Од страв дали 10 пати си ставив, ама веднаш ги олеснува симптомите.
Денес бев на второ цтг.Докторот рече дека е во ред,но јас пак си умислувам некои работиСе обидувам да го разберам извештајот, па ме интерисира ваше мислење.Од тоа што читав дека 160 е горна граница, кај мене излегува дека на одредени моменти кај бебе се надминува таа граница, дали тоа значи дека има тахикардија? Исто се обидувам да го дешифрирам долниот дел од извештајот, дали тоа значи дека имам контракции или дека бебе мрда?
Гинеколозите сметаат дека над 160 откуцаи во минута се тахикардија. Затоа и ме испратија на кардиолог мене. Д-р Драшко ми рече дека до 170 е нормално, дури и 180 се толерира и многу е важно дали е постојана или не. Не е страшно ако не е постојана и е ритмична. Често знае да биде резултат ако бебчето притиска врз папчаникот. Долниот дел од цтг-то е за активноста на матката. Како и другите мускули, така и матката има 'активност' и за време на мирување. Кога ќе дојдат вистинските контракции ќе пишти цтг апаратот, свиркај си дотогаш.
Фала ти мила.Докторот денес баш ништо не ми кажа, а баш приметив дека и на извештајот од првото цтг исто надминува 160.Е сега може има врска тоа дека само на еден период е зголемувањето, па не го сметаат за страшно.Јас би сакала воопшто да не надминува, ама тоа е
Ама нормално е. Бебе е големо, си мртка, притиска папчаник. Плус матката си има контракции, се стега и и тоа влијае врз ритамот на срцето. Не анализирај, сѐ е во ред. Уште малку време остана
@Маја Т те цитирав, а не знам оти прикачената слика од цтг не ја видов. Види дека само на местата каде што има евидентирано контракции на матката (пиковите во долниот ред) има и над 160 откуцаи горе. Сосема нормално цтг и нормална работа на срценцето. Опушти се мами.
Не сум ја отворила темава 5 месеци, не знам денеска што ми текна да ја отворам и прв пост ми беше ова. Премногу се израдував. Честитки имај убава и лесна бременост
Е како не, нека си ги чуваат тие коментари за себе. Себично е што кажуваат такви работи на жена што треба да раѓа. Секој пораѓај е различен, кај секоја жена е различно. И мене така ми кажуваа ама некако ич не си зимав здраво за готово, не им верував во нивните муабети туку во божјата волја дека жената е створена да раѓа нов живот и Господ ни дал на Нас сила за да го правиме тоа. Искрено и мене ме болеше но поголемо измачување ми беа мачнините и повраќањата 9 месеци. Се си викав ајде нека дојде време, ќе пеам на боксот само што излезе бебето не знаеш какво олеснување ме облеа, топлина, љубов кога го видов сега сум втор пат трудна и не мислам на болките, како ќе биде нека биде оти се поминува
Здраво драги мои Јас да се пријавам со болки. 34 недела сум, и ноќеска мислев дека тоа е тоа дојде времето за пораѓај. Болки доле ниско колку сакаш, заедно со стегање и опуштање на стомакот, и тоа на секој пола саат, ме будеа од сон, таман ќе задремам, ме разбудува болка, и јако стегање на стомакот.Морав да станувам да се движам и прекинуваше се.Таман легнам одма почнуваа. А што ми беше најчудно од се, бебе беше активно страшно.Ме маваше и доле најниско, мислам ќе ми излезеше, од многу активност јас стварно незнам што да мислам веќе, минатата недела бев на контрола се беше во ред, бебето според кг е две недели напред, па така според тоа ехо, јас веќе влегувам во 36 недела.И стварно незнам што ќе се случува, да издржам барем уште две недели па после 4 јуни по менструација влегувам во 9 месец и нема да ја мислам толку.Се исплашив реално синоќа мислејќи дека ќе се породам. Дефинитивно во првата бременост ништо не осекав од оваа, сега секое стегање на стомакот ми делува страшно и си викам дојде времето а рано е. Бебе е над 2 600гр, многу активно можно ли е од што се мести, расместува да имам болки и стегање на стомакот, често одење во вц? Страв од пораѓај присутен секако, ама за разлика од првиот пораѓај сега знам и кој ќе ме пораѓа, сега знам дека истата докторка ќе ме следи од 36 неделаа, до пораѓај и тоа ми олеснува.Со првото кога раѓав и истрпев болки 38часа буквално 2 пати ме прегледаа во болница, и цело време сама бев, толку беа груби, некултурни, никаков однос, што ми се плаче кога ќе ми текне.
Мене не ми е јасно како може да се толку груби со жени кои треба да раѓаат. Разбирам дека можеби им е преку глава од секојдневно рикање но толку да се нема чувство дека преживуваме нешто навистина болно и се што ни треба е да бидеме третирани како што доликува за да барем малку ни олесни на душата.