Од прилика знам што како иде. Ама како да си ја барам бељата, па тук само се боцкам за нешто. Фала ти. Пуста нетрпеливост
Јас пред 5-6 дена имав розев исцедок. Трчав на итна и докторката лом ме направи. Сношти пак ми се јави на бришење, овој пат црвеникаво. Еве и од сабајле имам Ги замарам по телефон сите можни доктори што ги знам, сите велат немало страшно ако е само на бришење...ама и јас тешко се смирувам. Најнервозно е коа ќе ми речат- ако недај боже искрвариш тогаш дојди. И пустата јас све си мислам дека готово, кај и да ќе почнам да крварам. Не бива вака со стресирање секој ден, ама ајде де Посилно е од нас
само тој што поминал низ слична мака претходно, ќе не резбере ајде да пробаме да мислиме само позитивно колку се може, да се трудиме, нема друго чаре
И јас немав голем стомак кога отидов на пораѓај. Матичниот цела бременост ми викаше дека бебето е на внатре. Кога ќе прочитав некои дека им тежи, смета, не можат да спијат ради стомакот или да се движат ми беше чудно. Да не кажувам што сé не направив во 9ти месец Само што не можев да се свиткам нанапред, што е и логично, други тешкотии немав. Не се секирај ако е се во ред, си прави оно место како му е згодно.
Mене фала Богу никој не ми ни спомна дека треба да правам Што е тоа и кога се прави? Јас за 2 дена влагам во 18та недела
Ајде добро утро на отоци им велам јас Мислев нема да ми се појават, но рве ги утрово на нозете само на стапалата уф. Не е многу страшно, не ме болат, случајно се видов и коса ми се крена Нема никаква помош? Си се губат сами после пораѓај така?
Jas cel zivot sum anemicna so zelezo 3/4 otkako ostanav trudna 25 sledniot mesec 28 i jas se cudam. Imam macnini i bas zdravo i ne se hranam.
Како што ми се појавија преку ноќ, така ми исчезнаа. Не се секирај ќе поминат. Страшно е ако имаш висок притисок, проблеми со бубрези, срце, па од тоа да имаш задршка на течности. Ама будејќи немаш, свиркај си, уште малце остана.
Откако ги чувам во фрижидер не ме чешаат цоопшто, и пробај што поплитко да се боцкаш, ептен навали ја инекцијата и подкожно влези, не чеша воопшто
Боцкам 2 пролутекса на ден. Депо на 7 дена. Естрофем по 10 мг Пијам аспирин, да. Др рече за вакви мали траги од исцедок да не прекинувам со него
Со првата бременост се породив на 15ти август, таа година беше пеколна. Беше над 40 степени и јули и август. Не можам да ти опишам какви ми беа стапалата Само едни влечки ме збираа и тоа од мајка ми.. Со царски се породив и отоците исчезнаа една недела после пораѓај. Без грижи
Јас малку прокрварев и докторот ВЕДНАШ ми рече прекини со аспирин и не ми го врати повеќе во терапија, ставам Утрогестан 2 пати на ден, пролутекс 1 во 4 дена, прогестеронвдепо 1 во 4 дена, да прашаш за допуна со утрогестан вагиналети, нема штета и за аспиринот да си прашаш пак