Не ми дозволуваат вагинално да ставам прогестерон. Ми рече пролутексот му бил посигурен. И така ќе тераме, само со пролутекс. Ќе прашам пак за аспиринот. Страв ми е да го оставам, ама се надевам ќе се повлече исцедоков
Мами јас во 7 и во 11 недела имав крварење баш како што кажа само на бришење.Знам како е срцето одма застанува ама верувај и со позитивни мисли се ќе биде во ред.Кај мене беше мал хематом и ми кажаа од самото инвитро,преголемата терапија и општо хормони трет трансфер дека се создал.Мене веднаш ми го искл аспиринот бидејќи примав и фраксипирин и исцедокот за неколку дена го снема иако ми рекоа да пчекувам околу 2 недели да имам.Терапијата си ја примав и тие недела две повеќе одмор,си лежев јадење во кревет и се беше во ред.Чим не е обилно крварење проследено со болки не е страшно.
Ох добро е нема да ме фатат тие жештини, оти ако бев август незнам како ќе издржев. Мене сега ми е прежешко И јас така заприметив, некако тесни влечките сабајле, а истите ги носам постојано
Завршив јас и со брисеви, си земав упат за Чаир да почнеме таму со редовно цтг и така... Возбуденка сум
И мене мами минатата недела коа фати жешкото ми отекоа немам глуждови коа пешачам, седам со кренати нозе и лежам немам гајле ама ако постојам подолго одма ме заболуваат. Како трупчиња ми се маж ми секоја вечер ми ги масира и тоа доста ми помага. Ќе издржиме уште некоја недела две
Што се однесува до железото заборавив да пишам, ми ги смени хеферолот ми рече и она сидерал форте да земам... И тој ќе го земам гледам и тука доста членки има задоволни од него.... А дај препорачајте ми некој магнезиум овој во кесички ми е ок ама има шеќери а шеќерот ми отишол на граница....
Утрогестанот може и да се пие орално, незнам во која клиника си ти за да се консултираш второ мислење?
Јас мајка пијам магцитра односно магнезиум во вид на цитрат,мене од тој во кесички ми ствараше дијареа неколку пати имам пишано.Со овој магнезиум немам грчеви ништо ептрн ми одговара,малку е поскап околу 940 денари за 30 дена трае
Да ве прашам од вчера почнав и јас да се боцкам во војна ми рекоа на собна тем да ги чувам а матичната во фрижидер. Вие како ги чувате инекциите?
Мене ме испобунија и незнам што да правам и кого да слушам. Прв пат се боцкам 30 нед сум. Димери ми биле добри ама имало проблем со протокот па превентивно.. цела сум во паника
Систина сум. Знам дека може и да се пие. Ама немам потреба од него вика докторот, кога макс. доза на прогестерон внесувам преку 2та пролутекса.
Нема што да паничиш си имаш терапија одредена сега ќе имаш поредовни контроли, чувај си ги на собна темп, јас од старт се боцкам веќе 5 месеци така ги чувам
Ох ние нешто реновиравме дома, а тој на работа,после дома работи преморен е, уште да му речам да ме измасира упм ќе ме испрати можеби нема т.е ама жал ми е да го терам Ајде ќе си одмарам и јас колку што можам, макар што викендов чистење ме чека, кизне како ќе издржам
Во фрижидер ми се, ми е страв да не е топло надвор па да се расипат, вака на иста температура се секој ден
Колку шеќер има тоа мало пакување? Никогаш немам запазено тоа. Исфрли други видови на шеќер, кесичките се подобри од апчиња. Можеби и има без шеќер, не знам..