Девојки слушнав срценце . Кога гледаше на ехо го сватив како да има мало одлепување. На извештајот пишува мал субхоријален хематом. Ми зголеми прогестеронска поддршка. Па Госпот нека е со сите нас
Devojki vie sto ste so skraten cevkris ginekologot li vi otkri ili specijalist i dali imavte nekakvi siptomi.
Ич не се замарај стомакот не е мерило колкаво е бебе и дали е ок. Мерките на ехо се како шо треба тогаш опушти СЕ Родив 4 100 бебе , сите ми викаа до кај 3 300 ќе е , од тие такви муабети дека не сум имала голем стомак , па и само 8-9кг бев поправена , сите дијагнози ми ги кажаа по улица и роднини , 41 недела отидов на пораѓај со меше како фудбалска топка Док вика кај го криеше бебево ти мене и на мерки мало бебе ми кажуваа дента на пораѓај 3 300 го измерија Така да уживај , гали мешко
Па во план сум и други работи да тргнам, намалам... Што убаво си внимавав на храната, ама последниов месец ептен се опуштив, не се ни чудам што ми е на граница шеќерот... Ете тие Магнетранс пишаа без шеќер биле, ќе ги побарам тие после
Ама колку грама шеќер има во таа кесичка? Баш тоа ти прави проблеми? Не верувам. Исфрли леб и благо, сокови.
Zdravo meshinja Me interesira daii ste se farbale vo tekot na bremenosta i ako da so kakva farba i koja? Falaa i so lesno na site ❤❤
Па незнам колку грама има, ама во состав на прво место е засладувач, па после магнезиумот... А според правило на состојките све што е понапред е во повисока концентрација... Искача дека има повеќе шеќер него магнезиум А леб бел и сокови не конзумирам ... За благото е малку проблем ама ќе намалам секако
Се фарбав на фризер како и претходно,плавуша сум плус и вадев прамени со бланш,немав никаков проблем и дозволено ми беше од доктор.
Ќе ви пишам овде дека најактивна тема. Последниве месец дена ич не качувам на килажа, почнав и да слабеам (а од почеток секоја недела качувам макар и 300гр.). Немам мачнини, физичка активност ништо посебно, јадам стандард како и претходно. Има простор за паника?
Кој месец си?? Јас во 7ми месец не качив ни кило, на грамови незнам зашто се мерам на вага со стрелка... Ама затоа после на сам старт на осми за 2 недели 2 кила ставив, а сега не сум мерена а сум сигурно уште 2, ќе видам после... Мислам дека имаше и други членки што пишаа тој истиот период дека не качиле кг така да нормално е
Баш седми сум . Ве имам читано дека тој период не сте ставале на килажа и си викав океј е, не паничи, ама денес ко видов сум почнала да намалувам искрено се исплашив пошо правам калкулации - сѐ ми е исто деновиве... Ме ослободи малку, фала ти .
Ќе ги снема до 1 недела после пораѓај. На мое барање ми измери матичниот гинеколог ,симптоми немав. Да се фарбав со истата фарба од претходно, Сајос без амонијак.
Немаш простор за паника,најбитно е бебето да си расте а за кг немаш мака,јас сум 5 кг поправена и тоа сите 8 и 9 месец најмногу качуваат јас си останав исто 58 ни грам повеќе а бебето е над 3 кила.Така да ти јади си колку ти се јаде а бебето си зима колку што му треба
Мислам дека @Macufceee11 пишуваше и она дека имаше симнато килограми некој период, значи и таков случај имаме. Јас кога ја прашав докторката да не му пречи на бебето што не ставам ми вика не се секирај бебето се што треба си зема, немало тоа врска со килажата.
Тебе па ти се восхитувам. Јас не сум воопшто склона на дебелеење иначе, попрво ќе се направам сукало него ли да качам некое кило, ама ете во бременост качувам. И со првата бев 12 кила поправена и сега ќе бидам толку ако не и повеќе. Пак е во нормални граници не се жалам, ама коа ќе видам вака некој со по 4, 5 кила поправени се чудам
Се соочува ли некоја од вас со главоболки? Во последно време многу ми се зачестија, да напоменам имам низок притисок варира од 60/90 до 70/100. Кога ќе ме заболи главата ништо не ми помага , додуша од лекарства ништо ни не земам. Некое чаре, или совет? 29 недела сум моментално.