Фала ,јас мислев памперс ама гледам ги фалат и Виолета...можеби за тие ќе се одлучам .А крема за брадавици си зема?
Јас земав на бејбилав од Дм, и тие се доста фалени. За јекодерм незнам, прв пат слушам, за што поточно би требала?
Стварно немам идеа за пелени сите другарки различни користат ,а за јекодерм повеќе жени ми посочија убаво било на почеток за кожичката за цело тело .
За почеток земи си помало пакетче, зашто неможеш да знаеш како ќе му прија на бебе. Јас за првото купив памперс премиум, па газето три месеци неможев да му го опоравам, грев беше за гледање, како рана... И сменив неколку додека не стигнав до пафис, тие највеќе ни одговараа тогаш... Па дека синко носеше и до 3 год пелени, на крај му купував од оние м од рамстор, ефтини беа.... Сега се мислев да почнам со пафис одма, ама овие бејбилав некако поевтини се, паќе пробам со нив... За мачкање и тогаш а и сега земав павловичева оргинал, супер ми се покажала, а за црвенило судокрема
Точно така. Вчера застанав на вага и пак сум 1кг минус. 35та недела. Не е страшно, само докторката ми рече по можност да не симнувам само да ја стојам на исто, а мене бебе горе ми стои мава со глава во желудник и не можам ништо во уста да ставам
Јас знам јекодерм препорачуваат за новородено уште во болница, така да не е на одмет. Пелени зедов Памперс премиум, со златно, 52 мислам има внатре, 570 ден. Оригинал павловичева да, а за пресоблекување какви? Оние ко шушкави што се или? Јас се имам заборавено, првото ми е пред 5 год родено и тогаш како понеисплашена бев, сега ништо не знам. Ни шведски како ни обични како се користеа а за сметка кога ќе влезам во аптека? Тоа не се прашуваме .... ај уште ова, ај вакво.. може да. А ич не се љубезни луѓево, нас мерак ни е да си пазариме тие очи превтртуваат
Да си земав и павловичева...ќе земам и јекодерм нека има .За љубезност да не збориме не ни барам помош само кажувам што ми треба.Инаку на овие подлоги мислам(ете сликче)...другаркиве викаат попрактични биле наместо тие што се перат.
и јас бев со субхоријален хематом првата бременост, после и јас ги имам доста последниве две недели, мене ми помага лимонада од 1-2 лимони со б6 таблетка ама од б6 утредента па послабо го осеќам клоцањето. Затоа менувам или тоа или парацетамол
Pampers Baby love od Dm, isto i kozmetika, i podlogi. Podlogite se preubavi, šareni. Jekoderm ne koristev ni za prvoto nitu planiram Sega. Nema potreba
Во ДМ имаш фарби без амоњак тие се исто безбедни ако ти е страв да се фарбаш со обични. Јас со таква се исфарбав во самото пакување има и развивач на боја не е класичен хидроген, само се поскапи од обичните.
Крема за брадавици си немам земено леле скроз заборавив Ти каква зеде или немаш и ти земено? Иначе и јас се мислев помеѓу пампера и виолета, и ај реков со виолета ќе пробам, па ќе виидме како ќе се покажат
Се убацувам, ама зошто земате крем за брадавици унапред? Јас имам 15 месеци доенички стаж со првото ниту еднаш не намачкав крем за брадавици. Немав никаков проблем со брадавиците, а рамни ми се сама си ги извлече ќерка ми и не ми ги разрани. Ќе видите во болница како ќе биде па ќе ви купат ако ви треба. Инаку може и ад маслени капки да мачкате ако се малку болни и испукани, секако ќе ви требаат за бебето понатаму.
Другарче кај нас Виолета пампресот се покажа најдобар.Почнавме од раѓање со нив па сменив канбебе,пампрес,дајперс,слипи,јес бејби..од еден се беше мокра меѓу нози,од друг каката се во половините и беше,од друг пак се направи рани на газето (цел месец едвај ја оправив).И на крај пак си се вратив на Виолета,Проби со кој сакаш па ќе видеш што ќе му одговара на бебко.Секое бебе е различно и на почеток не купувај многу на залиха бидејки може да не одговараат на кожата.