Друшки да си прашм поискусни,дали ова е чепот што почнал да паѓа,само нема крв или сменето боја како бел лигав исцедок е.Се извинувам за сликата не е баш пријстна за гледање
На почетокот таму 7-8 недела ми се исфрли лицето. Но јас користам витамин ц, ниацинамид и крема со хијалурон и фактор обавезно секој ден. Сите се безбедни во бременост и ми се среди лицето. Прочепкај на интернет има доста козметика што може да се користи за време на бременост.
Не да сум возбудена како рекета сум низ дома хахахахаха а чепот не е индикација за одма да одам во болница бидејќи немам болки а утре ми е приемот
Не е индикација, седи си. Плус ова е само малечко парче од чепот. Мене 3 дена ми паѓаа бајаги поголеми парчиња. На крај со провокација се породив, скоро и да не бев отворена. Индикација се контракции на правилни интервали, прскање на водењакот и крварење светло црвено. Господ леснотија да ти дава и тебе и на сите што сте во исчекување. ❤️
јас ваков исцедок имам неколку дена со ред, мислев мора да е крвав чепот, ме замисли сега. А само што завршив со преглед, ми закажаа царски за наредна недела, 39+0 ќе бидам, прво за неделава ми рече др ја погледав така чудно, и ајде наредна тогаш. А не и спомнав ништо за секретот, само на ехо ме виде рече има вода, фраксапаринот уште денес и доста е, - толку беше. Ваљда нема сега и водењак да ми пукне до тогаш
Јас не користев многу козметика и пред бременоста , само крема за хидратација, ама и неа не ја ставам редовно, затоа многу не сум снаодлива со креми, ниту пак можам да одберам. Немав и предходно џам лице ама чисто ми беше. Вчера правев муабет со мама, таа ме утеши и кај неа било исто, ама после бременоста се исчистила скроз...сд надевам и кај мене така ќе биде ти благодарам ќе се распрашам за некоја крема
Фала мајка претпоставував и јас така ама друго е вака кога ќе прочиташ друго искуство,да си се спремам денес на раат.Ти како си,се гушкате со бебушот?
Мила чим си била на преглед,немаш мака да имало нешто докторката ќе видела,не се сеќирај.На сите нека ни е со лесно и со господ напред да си ги гушкаме сонцињата најубави. @IRBBB погоре убаво имаше пишано кои се индикации за итно одење во болница,така да уживај
На сите вас мамички што ви се ближи најубавиот ден, запознавањто со чедото ви посакувам од да си поминете што полесно! Кога вас ве читам колку сте возбудени, копнеам и јас за таа возбуда и дај Боже да ја дочекам таму пред Нг после 3 години. Бидете позитивни и ќе ги чекаме вашите породилни приказни
Јас се породив вечерта одкако ми падна чепот сабајлето, ама кај мене падна цел како грутка беше како топка незнам како да опишам... Потврдо не вака лигаво за да искача постепено... Еве некој членки пишуваат и после неколку дена од паѓање се пораѓаат, не се секирај секако се ближи денот
Здраво мајки, како сте ? Има ли некоја бактерија во урината, втор пат ја однесов на уринокултура и сеуште има Streptococcus agalactiae (Streptococcus gr B) .. Има ли некоја искуство со таа бактерија, како да ја излечам ( испив една кутија антибиотик - Оспен ) ?
@Maya12 спремај се раат. Чепкалки за уши земи си. Полнач, пауер бенг ако имаш и слушалки. Доста ти е. Со меденко се гушкаме постојано, така го научив, сега само така заспива. Некогаш не ни спие поинаку. Не бидете како мене. @sani99 а да направиш антибиограм? Пиј многу течности, чај од брусница и јади сува брусница.
Сега ми препишаа други апчиња да пијам, се надевам дека ќе биде се океј и дека не штети на бебушот .. 29+2 недела сум јас , пијам увин чај ..
На моето бебче рано му е за излегување, убаво и било внатре Само што се враќам од преглед, цтг мирно со некои минимални контракции, доволно плодова вода итн.. Бебка околу 2700гр. Сега наредна недела дури, ако во меѓувреме не ме фателе болки или незнам водењак да пукнел ај се смирив барем знам деновиве да си се исфарбам, средам се што ми е останато и после чекаме Туку додека чекав пред мене една девојка на цтг, вриштеше цтг-то, а таа ни 0,01% болки. Ја прегледаа и вагинално ваљда и и рекоа дирек в сала. Таа лабава што убаво. Без болки, без ништо.. И јас сакам да сум таква