Ќе си биди се таман Да не известиш како ќе поминиш Додека се молевме да влезиме во 9ти, сега па ќе сакаме побрзо да се породиме
Леле не знам што да мислам,измешани чувства сакам побрзо да ја видам ,а од друга страна не можам да замислам како ќе се одвива пораѓајот,како да не ми се случува на мене ...а времево поминува,кај и да е се ближи средбата .Ти кај беше на цтг?
Кога прв пат се почнува со ЦТГ кај мојава матична гледам му праат ама срам ми е да прашам се сакам да знам
Уф сум имала време од утре почнувам 24 недела како сум сега под психа да истерам барем до 35 недела дека две бебиња и напредни со мерките по една недела единствена утеха ми е должината на цервиксот шо ми е 40 мм за грев сум
зошто закажуваат царски толку касно? и мене ми рекоа после 38ма ќе ми закажат ама што ако порано се случи нешто? ај кај први бремености е друго ама кај веќе правен царски?
Па колку повеќе е бебето внатре толку подобро.. Освен ако нема проблеми некој со постелка, протоци или други работи поради кој би требало порано да се извади бебето.
Значи сите бебиња, без компликации да ги кажам, по дефолт нема да излезат порано мене ме фаќа страв зашо и првиот пат чекаше докторот да помине 38ма за да закажеме провокации ама мене ми пукна водењакот во 38ма, не се отварав ни контракции па царски ме породија. И сега ако излезе така, пред планот да сака да излезе бебе а добијам контракции или недај боже се отворам. Докторката ми кажа дека ќе се оди на царски сега, ама тргне природно... Ќе пукнам
Ете кај мене така се случи, чекав 38ма да одам на преглед да ми закажат царски дека и првото ми беше со царски, ми пукна водењакот во 37+4 сабајлето, си отидов ме спремија и ме породија со царски ништо страшно. Дури и подобро така наеднаш неочекувано, инаку ќе се паничев ако имав закажано
а имаше нешто болки отварање? иначе и ја би сакала така изненадно, оначе нема да спијам дур не дојде закажаното)
4 саати поминаа од пукање на водењакот додека да го извадат бебето, болки немав кога ми пукна водењакот само си течеше на интервали, не наеднаш, а кога ме прегледаа бев 4 прсти отворена. Болки, вистински контракции, почнав да осеќам пола саат пред да ме носат во сала. Со лесно
Девојки вие што користите мерки за ослободување од работа, ме интерисира дали имате некое инфо во врска со олабавувањето на мерките со кои се препорачува укинување на работа од дома и од далечина од 01 јуни?Ја гледав одлуката и верувам дека тоа не се однесува на нас, но сепак ме фати некоја паника.
И мене некогаш такви измешани чувства ми идат, дури не го земам во раце бебче не сум свесна дека мене ми се случува тоа Јас на државно бев на цтг, не сум од Ск.
Тоа за работа од дома и од далечина не важи за трудниците,оваа мерка за трудниците ќе се укине кога ќе се објави крај на пандемијата на светско ниво.Така да не му ја мисли многу мила