Сега ми се јави докторката и ми кажа дека Mycoplasma hominis имам сеуште иако примав една терапија антибиотици (3 дена по еден). Малку сум исплашена зашто читам секакви работи на Гугл, ве молам ако некој знае повеќе за оваа бактерија нека ми објасни, дали е штетна, дали ја имал некој? Мислам ќе полудам....
Hahahaha ne si me raabrala zlatna toaa neee, i znam deka e taka, malce u brzanje pa ne ispadnalo kako sto treba ne vikam deka ne e taka nego deka e taka ubav den
Мешковци на некоја од вас и кажале пол во 13та недела? Јас наредна недела сум на скрининг и хромозомски тест. Се надевам дека бебето е здраво и се е во ред. Ама колку сум нетрпелива за полот уфф ... мнооогу сакам девојче
Мене во плодност првиот скрининг ми го правеа во 11+1 бидејќи бебето беше една неделс понапред и докторот ми кажа дека 90 проценти е машко и тогаш правев нифти и се покажа дека бил во право
И јас сакав девојче и ми се исполни желбата, кај мене на почетокот не можеа да видат дури накај 20 недела дознав, ама се надевам дека твоето нема толку долго да се крие и да ве држи во неизвесност
Фала девојќи. Мене со син ми ми кажаа во 16та недела. Ама јас знаев дека е момче, имав интуиција, дури и име имав одбрано и пред да го дознаам полот за бебето зборував во машки род. Сега мислам дека е девојче, ама не знам дали е интуиција или од пуста желба
Исто и мене на прв скрининг ми кажаа едното дека е машко со сигурност другото и тоа беше машко но не беше сигурен докторот после во 16 недела кога се утврди дека е девојче ми се испомешаа чувствата и на секој преглед прашувам дали е девојче иако љубовта и кон двете е непроценлива и неделива барем според мене
И јас имав јака интуиција негде кај 9-10та недела, девојче, една недела го викав Ника, се пред мене беше розево на цветичи 11 недела, со резултатот од Нифтито си бил момченце Секој ден повеќе го сакам и го замислувам... за 100 Ники не би го сменила, Бог да помогне да е се во ред...
Инаку, нели никогаш не ги мерат колку се во должина, докторката денес ми кажа дека си има формула, па еве ја споделувам Чисто за занимација, +-1 цм е
Мене до кај 23,24та ми кажуваа должина, после не... Големи биле и свиткани за да може да се измери убаво
Мешиња да ве прашам дали некоја што се боцкала со клексани и ги имаат прекинато или мора да се тераат до крај на бременост? Трансфузиолог ми вика дека треба да се боцкам ( еве веќе 5 ден) а вчера бев во систина гин ми рече никако димери мирни бебе супер си напредува проток постелка се супер. Ми вика да ги прекинам одма зошто нема потреба и после ако ми ги прекинат само проблем можело да имам. Цела сум во паника две контра мислења незз што да правам. ??? Инаку сум 30+4