Јас мислам па дека е спуштена, некако така осетив и го прашав мм дали ми е подоле стомак ми рече да, е сега дали вистина или да му се тргнам само да не го прашувам повеќе незнам Следен преглед викендов... да прашам кога ќе биде дежурна докторката..или понеделник евентуално, ако не е викендов Ти?
Значи иста сорта сме,и мене ме научил и сам ми кажува спуштен ти е стомакот ,кој знае колку сме напорни ,ама не можам да разберам како и они не можат да се чувствуваат ко нас .Ја следно здравје за една недела .Ајде те чекам како ќе поминеш да не известиш
Ајде ќе не издржат уште малку Да да, ќе ви пишам секако, макар што мислам нема ништо ново да има, убаво и е на бебка внатре
Приметувам дека ми загнојуваат непцата и има многу крв. На забар ми рекоа мора да се снима ама сега не ради бременоста. Не ми кажуваат од што може да биде. Можно е временоста да влијае на тоа?
Мила и кај мене на цтг ги имам истите шпицови само помалку се.Јас мислам дека се од тоа што мрда бебе и не се вистински контракции.Извештајот од цтг ми го погледнаа и Ефремовски и Афродита и рекоа дека е супер.Нема потреба од грижа.
Фала другарче ,и мене така ми рече докторката плус знае дека цело време ми се стврднува стомакот,а и беба реагира на неа ,ми рече да си пијам магнезиум...ама ете дека ме праша дали имам болки па се замислив да не не осеќам ,ама тоа тешка работа дека не се осеќа.
Јас кога ги мијам забите знае крв да ми потече. Во бременост викаат се поосетливи непцата и дека може да ти крварат ама да ти загнојуваат од бременост не сум слушнала.
Мешиња вие што се боцкате со клексани имате ли проблем со рацете ве болат ли ставате ли нешто? До сега примив 5 -6 и знаеше да ме боли ама не нешто посебно ама од вчерашната инекција еве уште ме боли раката и тоа многу
Исто и мене, осеќам од време на време некои стврднувања.Ефремовски ми рече да пијам магнезиум исто, но не во голема доза, најмногу до 500 мг.Јас си земав магнезиум на now од 200, и пијам 2×200.Од тогаш мислам дека помалку имам стврднувања или така ми се чини самоСтигнавме до тука, па веќе е се во ред
Не да имам, ме чешаат, ме болат, целите ми се со поткожни топчиња, ама јас ги примам веќе 9 месеци.Не можам да пресметам колку имам примено до сега и клексани и фраксапарини.Се е нормално тоа од инекциите.Ако ти смета толку можеш да ставаш облоги од ациди борици.
Хелоу девојки, да се пријавам со поместен термин, бебе 37+5 вчера, цтг уредно, наредна недела здравје (во понеделник) пак на цтг и ќе договориме дали среда/четврток ќе биде пораѓајот. Ова со царски по втор пат, не се чека природен терк, пукање на водењак и контракции/болки, ништо...многу ми е некако чудно. Се секирам дали може сака да поседи уште малку во меше, да не се брзаме... Луда сум нели? Угх, ако имате искуство со договорен царски кажувајте, да не си ја мачам душата вака