Unique.chick тебе ке ти доделиме медал за трудница со најмногу паѓања хахахах што бејла ке беше ова по тебе само не препотуваш и нас тука мала шала инаку добро си не се повреди нели ???? а бе кит породена е а нема да пише знае некој?
е богами ке ми треба и медал, незнам што чудо ке беше ова , де од стол де по скали абе бог да чува, добра сум ништо не ми е само ногата ми е модра бидејќи седнав на нејзе.. Изгледа е поpодена , не само нејзе ја нема ни Gorda, i Mother 86 ..
ДОбар ден мамички. Денеска ладничко, проросува - милина!!! А јас домче..нема денес трчаници по документи фала богу.. Фала за советите, оцетот навистина помогна. НО стои постојано 37,5 доволно да немам сила да станам но премалку за да легнам во кревет. Ете во цела ситуација- срека во несреќа дури и мажулево денес подоцна отиде на бизнис па имав прилика да си поуживам со него Седам и се мислам ( не знам дали и вие го имате истото чувство ), 20 недела сум а мислам дека вчера му скокнав во кревет на сонливото мм со позитивниот тест во раце. Неделиве минуваат како секунди
ne e stetno jas sum vo 33 nedela i vo vtornikot izvadiv 2 zaba odednas,morase sto da se pravi koga bolka ne se trpese.
Еве сум јас. Денес си подремав во Чаир од 9-11ч за на крај да излезе дека докторот ми заглавил на операција и нема да излезе уште саат време, а потоа заминува на пат. Е така славно ми заврши долго очекуваниот ден, сега неизвесноста продолжува до понеделник Уште едно нешто кое ме замисли беше тоа што синоќа ми потече крв, бледо розево. Тоа се случи само еднаш, болки некои немам, но се мислам што ли ќе беше Резултатите од уринокултура ги земав и на нив пишува „уринокултура стерилно по изолација од 24ч„ , дали ова значи дека е во ред или???? Тоа е се од мене денес, продолжувам со исчекување до понеделник
Тоа значи дека уринокултурата ти е ок, нема ништо пронајдено, види што ти пишува за антибиотици, дали е пронајден, ако и тоа нема, немаш гајле, пошто ако одиш порано од што е предвидено, недела дена од последниот испиен антибиотик, ќе ти се појави на уринокултурата. Сега за сега си супер, уживкај си
Срце мое ти има да се изненадиш многу кога ќе се породиш, има да родиш бебушка која ќе ти донесе најубави изненадувања, ќе биде сонце кое ќе уживаш да го гледаш , нема да те уморува нема да ти прави проблеми тоа е знак од паѓањата чувај се уште малку
Aхх времевооооо колку го сакамммммм Конечно малку убаво да залади , па помисли некој и на нас дека има трудници што цело лето дома седат и се потат, редно е сега ние малку да се размрдаме.. Конечно надвор се дишее.. мислам дека цел ден ке го поминам надвор, многу ми е убаво.. Мојата бебушка несака ни да чуе за излегување , убаво и е изгледа ама кај и да е ке мора ни се ближи терминот И јас си се мислам како вчера да беше кога му кажав на мм дека сум бремена, и кога скокав по кревет како луда Ивановичка не само на мене туку на сите вас бебушка да ви донесе најубави изненадувања и да си немате проблеми Имајте убав ден
да тоа значи дека се е во ред нема бактерија, ако не дај боже имаше нешто ке ти пишеше изолирана бактерија таа и таа... и цела листа кои лекови се дозволени , кј мене така беше на претходната уринокултура, ама сега на оваа немаше ништо така уживај во однос на мокрачата се е ок
Здраво и од мене. Многу тежок ден.. цело време ми се зема здивот, не можам да дишам, не можам да се смирам некако, ми снемува воздух.. лежам ама ништо, не ми е подобро.. мачно ми е и до ком да седам.. што ќе беше ова?
ФАла ви на одговорите, значи конечно едно гајле помалку Фала Боже Женски јас синоќа ич не спиев, се сварив од топло, ама затоа од 13ч кога легнав до сега се изнаспав, па вечер ќе биде интересно Конечно времево се смилува
Идни мамички, дали помеѓу вас има некоја што очекува 2ро дете или пак двете деца и се мала разлика (на пример 2-3 години)? Ај споделете искуство како ви помина бременоста со мало детенце до вас, како го прифати новиот член и слично.
Здраво на сите идни мамички, Еве и јас да се приклучам во оваа тема , како тазе бремена!!!! Баш ми е мило што има вака повеќе теми , за да си муабетиме...... Поздрав
Добредојде Оленце..Ти писакувам лесна и убава бременост Имаме список со термини за породување ти и сите новодојдени идни мамички би можеле да се додадете Поздрав до сите bremenost/termini-na-poroduvanje-t3883/120.html?hilit=%D0%A2%D0%B5%D1%80%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8
Regenbogen со мало закаснување, честитки за бебенцето, сега веќе наголемо сигурно си се гушкате и галите, и гоооолеми да раснете, да е живо и здраво. На новите мамички, топло добредојде, ќе има што да научат од нашите искуства, многу да се чуваат, и со лесно да си поминат. Јас почнав пред 10 дена со работа (нели не ми дадоа комисико боледување), па сега сум мртва умора секој ден. 8 саати дремам на биро, и кога ќе дојдам дома ни нозе ни кичма не осеќам. Ама тоа е. Ќе издржам уште некој месец, па после ќе ми ги видат кондурите Поздравче до сите
olence86 добре ни дојде !!! А што е ова штама нешто денес или викенд па сите ве нема Леле јас цела ноќ не сум спала беа внуците на спиење и цела ноќ дежурав со нив и од што не сум спана ме боли половината а и јајниците и насредина највероватно кај матката како да ме притиска нешто. Прочитав на интернет во овој период таа се повлекувала наназад па си викам да не ме боли нешто од тоа или од јајниците па цело место ме боли се надевам не му штети тоа на бебушкото мое
Нормално ќе се додадам на списокот, но сеуште не ми е утврден терминот за породување!!!! Здравје за една недела ќе одам на контрола и ќе ми го утврдат датумот..... Поздрав