Неа не и се брза, ама мене ми се брза хахаха Сакам да си се олеснааам, а и да си ја гушнам Ти како си? До кога ти беше термин тебе?
Ако нека си уживка, кај мама е најубаво ♡ Инаку добро сум јас, освен болкиве како сечење, од што ваљда тежи бебе. Утре сум на ЦТГ во 8 сабајле па ќе видиме што ќе биде утре сум 38 полна, 21 јуни due date
Ајде ќе не известиш што ќе биде, макар што мислам како мене ќе ти речат мене 23ти ми е термин, блиску сме
@Naatashka123 не боли душо вагилниот преглед, само непријатно е, не се секирај. И со лесно, уживај уште малце, после ќе се галите, нема да сакаш од раце да ја пуштиш. Како памукчиња се нежни
Да не ме сватиш погрешно но имаш време. Зашто се брзаш дајте и време на бебка да си потпорасне уште малце. Кога ве читам вака мислам 40та недела сте.
Леле хахаха, ај да пробаме Знам и јас дека е така, остај вака што велам, од друга страна и јас си велам нека си поседи уште Повеќе од желба да ја допрам, да ја видам велам вака за порано
Добро бе жени дали е нормално да болат коските долу баш кај отворот вагинален? Ме боли и опашката скрос долу дури и задникот од двете страни ако поседам малку.. Ја имав болката пред 2 3 недели траеше неколку дена и сега пак.. Ми е страв дека се крати грло 3ца доктори различно ми го мерат 50мм па 42 па 40мм. Денес излегов на ручек по 5 месеци и ми преседна.. Стомак ме режи долу ме боли.. Камен ми е тврд кога сум простум и не ми е пријатно, во полулежечка ме режи и ми се стега колковите ми скапаа 14 недели веќе лежам од кои 7 8 по моја воља пошто осеќам болки иако гинеколошки е се во ред.. Кога станувам за до вц како внатре матката да ме боли така непријатно како воспален мускул.. Си прам филмови да не имам некое воспаление на постелката од та пуста уреаплазма иако крвта е супер температури немам скраја било. На секој пола саат туркам гаќи и анализирам исцедок и од траума раката ја држам долу на седење одење мажот ми ме заебава дека прав манијак сум напраена.. Нозете вклештени под грч цело време.. Секој ден со паники од тие стегањата за кои не сум ни сигурна дали се бракстон или не оти општо имам многу гасови. Досадна сум со истото па истото ама многу сум уплашена и сакам да се олеснам оти последно ко бев на лекар ми рекоја психолог да посетам.. Па јас немаше да бидам ваква ако реално не осеќав ништо како што и треба да биди во моите месеци..
Консултирај се дали смееш да се напиеш дијазепам.Верувам дека болки имаш(не измислуваш) ама и доста си анксиозна,исплашена и параноична.Не се лути те молам,но премногу си стегната веќе со недели.Мене ми е дозволен дијазепам од 2 мг од Петровска,бидејки имам историја на силни панични напади во минатото и анскиозност.Среќа не сум имала досега потреба.Ама знам дека ке те смири и намали малце болките(го опушта цело тело).Ова те советувам под услов се останато да е ок нели.И мораш по малце да се движиш,барем низ дома.Телото,муслулите,коските болат и од лежење,нефункционалност.Верувам дека денеска на ручек повеќе од страв што си излезена ти било неудобно отколку што физички имаш проблем
Не се лутам таман работа.. Имам и јас 11 години историја со тешки панични и анксиозност и можеби си ги интензивирам психички ама првично тука се, не ги измислувам зарем сакам да ме боли нешто.. Станувам си земам за јадење прам брзински ручек местам кревам маса во вц и толку.. Мене ми е страв со тоа што лежам имам бракстон ако е тоа тоа а не па да станам да се раздвижам.. Се плашам да не ми се интензивираат а реално сите знаеме дека не се нормални во 5ти 6ти месец.. А знам дека сум и параноја во движење подобро кажано лежење не негирам.
Такви затегања и цврст стомак имам од 13та недела. И како ми расте стомакот е се поинтензивно,...на секој преглед прашувам.... било нормално. Тоа што се те боли е од неактивност. А зашто лежиш? ако цервиксот е 50мм, па и 40мм да е ... тоа е екстра, подобар здравје. Не може за некој ден да ти се скрати толку многу за да паничиш. А и секој доктор различни мерки има. Мене матичната секогаш пократок ми го вади, а кога одам кај специјалист подолг е .
ако ти се болките нонстоп тоа не се контракции.Контракции се јавуваат на интервали.Пуштаат па пак ги има.Сигурно веќе те имаат прегледано.Верувам да биле контракции ке ти кажале и ке ти дале совет за терапија и мирување.