Ќе потонам во земја, колку ми е срам. Не знам како можев да си го дозволам ова. Бебуш е цели две недели наназад. Ми рекоа за две недели пак да се видеме, а во меѓувреме да гнетам протеини. Цел режим си направив, од сега нема "не ми се јаде", со сила има да јадам, само да ми се поправи сонцето мое. Душата ми се кине, не можев ни да го видам од што се обвинував цело време додека го слушав докторот.
Зашто да се обвинуваш, глупости. Седи си мирна. Некогаш нема врска јадењето со големината на плодот. Има случаи кога до крај повраќаат па имаат големи здрави бебиња. Така ти кажа докторот?
@monik55 Не, немам проверено. Пост ковид матичната не ми кажа дека треба да испитам димери, гинекологот само ми рече дека требало да имам испитано, ама не ми дадоа упат. @ivani30 28ма @brm_brm Не знам, до претходниот преглед сѐ беше во ред, сега наеднаш ми велат дека е наназад 2 нед и дека мора да јадам многу месо, јајца и јатки. Требало да е 1100 гр, а тој е 925гр, што било ептен малку.
Нема врска колку јадеш, верувај... Не се обвинува, ако си прележала ковид можно е да е од ковидот ама не е страшно... Ќе си порасне... Испитај димери и протоци убаво провери, како што пишаа членките погоре
Какви јатки, какви јајца, не знам кој те води. Да, исхраната е важна, но овде ми изгледа како мачкање очи... Ке си направиш времиња на крварење, тоа е хемостаза и д-димери, да се види самата прокрвеност на постелката каква е. Ако нема термини, во Авицена можеш во секое време...
Не смееш никако да се обвинуваш себеси, баш и нема некоја врска исхраната со големината на плодот, дури понекогаш поголемата родилна тежина може да биде резултат на гестациски дијабет, што исто не е добро.Мое мислење дека може да биде до ддимерите.Воопшто не е касно, провери си ддимери и хемостаза и консултирај се со трансфузиолог за клексани или фраксапарини.Верувам дека веќе пиеш пренатални витамини.Ако сакаш дополнително да ја поправиш крвната слика,можеш да си провериш и витамински статус на клиничка биохемија, вит д, б12, фолна Јас редовно проверував секој месец и си ги дозирав витамините, така што земав дополнително плус вит д и метил фолат.Две недели поназад или понапред сепак се смета за нормално.Сеуште имаш време да се среди се, не се секирај.Може на крај побрзо да ја надомести тежината, побрзо качуваат и напредуваат. И јас се обвинував за исхраната на почетокот, со оглед дека цел живот сум на здрав режим, ама во бременоста како за инат, само глупости јадам, ама не секогаш можеме да ги контролираме работите.
Земи во обзир дека и мерките не се секогаш 100 % точно , кај мене на рутинска контрола и скрининг кај специјалист во размер од една недела имаше разлика од 150 грама што реално во 23-24 недела не се малку. Знам жени кој многу и здраво се хранеа во текот на бременоста и се поправија над 20 кг а родија мали бебчиња 2,3 кг. Ако се друго е добро не се секирај и не си создавај стрес
Фала ви многу. @Маја Т ја не мислам дека грешам во исхраната искрено, здраво се хранам, немам желба за мрсна храна и благо, повеќе сум на зеленчук и млечни производи. @Dancewere Мислам дека е можно и докторот грешно да ми ги израчуна неделите, па затоа да се испаничи. А инаку кај нив скоро секогаш според мерките на ехото е помало една недела, а на скрининг кога бев, и во болница не беше толку помало. Може ли матичната да ми даде упат за димери и хемостаза, или мора гинекологот?
Упат може и општ и гинеколог. А да прашам, протоци се мерат после 30та така? Да не сум испуштила нешто си викам?!
Значи да си појдеш н а уште едно мислење, и да ти падне камен од срце. Испитам ддимери, хемодѕаза обавезно. Јас сум сигурна дека се ќе биде во ред
Епа ај пробајј како што ти рекле можеби има нешто врска....И не се секирај не си ставај многу на душа бидејки колку повреќе мислиш и се стресираш толку полошо си правиш сама себе и на бебенце исто....
Ја воопшто не пијам. Обавезно ќе побарам и друго мислење, а и ќе побарам упат за димери и хемостаза, па белким ќе ми падне камен од срце.