Мамички, јас на следен преглед сум во 18 недела (сега сум 16+4). Дали е тој преглед деталниот скрининг, или редовна контрола, минатиот пат од што бев возбудена кога го видовме бебето оформено со рачиња, нозе лиценце, меше, заборавив да прашам. Претпоставувам дека тогаш ќе се види и полот на бебушко
volsebna, баш ми е мило за тебе, близначиња, што убаво eleni, јас на 18 недели имав редовен преглед, а деталниот 4Д ми беше во 21ва недела, но можеби само затоа што чекав резултати од амниоцинтезата. Секако полот би требало во 18та да се види
Одлична вест Волсебна, честитки и нека ти е со лесно цела бременост) бас се израдував)) Мене деталниот преглед ми бесе во 20недела, а во мајчината книска ми стои дека се прави од 20 до 22недела
Јеееееее браво!!!! Баш ме израдува!!! Друштво за моите близначиња Уживај во дуплата бременост, преубаво е јас пак би го прошла тој пат
сите ми велат близначката бременост е многу тешка, незнам зошто се надевам дека се ќе биде во ред, благодарам на честитките, сите да дочекате се што сакате, јас уште не сум свесна за тоа, може дека немам симтоми и никакви промени сеуште
И јас бев уплашена, како ќе биде, што ќе биде бременоста, зошто и мене сите така ми викаа Некогаш бременост со едно дете е потешка од бременост со близнаци. Викаат дека близначката бременост трае помалку до кај 33-34-35 недела, јас се породив во 37 недела и тоа на закажан царски, можев и уште да терам, немав никакви болки ама др одлучи дека е доста и дека може да ги вадиме. Од така што ми викаа, си викав да напраат бебињата по 2кг па кога сака нека биде пораѓајот и така ај оваа недела ај оваа недела си поминаа 37 недели што е супер и за со едно дете, они пораснаа не 2кг туку по 2700 и 2560... Ми викаа нормално било да се здебелиш од 17 до 20кг, се здебелив 9,5кг дома си дојдов до 12 кила помалку. Бев активна, до последен ден се качував пешки по скали до 5ти спрат, си шетав секој ден..единствено побрзо се уморував, после подолго одење ме болеше, кичма, стомак, грб...најтешко ми беше седењето и затоа гледав што почесто да лежам, лежи колку можеш повеќе лежи со секое лежење си ја продолжуваш бременоста. Не јади солено и мрсно, да се заштитиш од отоци и не дај боже висок притисок, бидејќи ете викаат дека во близначка бременост почесто да се покачува притисокот, што кај мене не беше случај, нормален ми беше цела бременост. Требало повеќе да повраќам и да ми се лоши, не повратив ниту еднаш, не ми се слоши никогаш, немав киселини, а едниов близнак има коса спремна за фризури Сигурно се прашуваш колкав ќе ти биде стомакот )) поголем од бременост со едно ама веруј ми ти нема да си го осеќаш така...постепено расте и се навикнуваш, мене ми викаа дека сум им изгледала како да ќе ми пукне стомакот во секој момент, а ја некако мал си го гледав е сега кога гледам слики уствари гледам колкав ми бил хахаха поставеноста на бебињата многу зависи и од формата и големината на стомакот, барем ја така мислам ама не се секирај единствено што ми остана од тој стомак се неколкуте стрии кои искрено со готдост ги носам и со гордост би ги покажала. Иначе за стрии цела бременост мачкав Мустела и последните две недели ми се појавија, се е џабе ако ти е таква кожата... Малку потешко ми беше станувањето од кревет ама затоа па спиев супер, без перници, се вртев без тешкотија, единствено перница користев за седење, зошто не можев да седам на тврдо. Секој момент користи го да си легнеш и дигнеш нозе нагоре, притисокот врз грлото на матката да го намалиш. Слушај си го докторот и не се секирај, уживај во дуплата среќа Еееееее Волшебна, тешкото е кога ќе се родат треба помош...додуша се може и сам, само најголемиот проблем е кога ќе почнат да плачат и двајцата во исто време...меѓутоа за тоа понатаму. Сега уживај во бременоста. Сакам да ти кажам, секоја бременост е различна, приказна сама за себе, не слушај што зборат и чувај се, само ти посакувам да имаш бременост како мојата и да, супер период ти е за бременост, ладничко, полесно ќе ти биде, јас цело лето пукнав од топло, среќа па и не беше ова лето многу топло Извинете за долгиот пост ама знам како и е сега на Волшебна, милион прашања има во глава, се надевам колку толку ќе ти помогнам.
ОРДЕН ЗА ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА треба да и се даде на оваа жена. Аплауз за издржливоста и времето кое го посветуваш за совети на идните трудници, а искрено имам впечаток дека и ретко се пожалила за нешто.
Добар ден, на сите драги феминки. Го господ напред ќе се читаме тука повеќе, се покажаа две цртки на тестот се смеам и плачам. Туку ова е скроз за мене непознато, каде да отидам сега да ми потврдат бременост, кај матичниот гинеколог или нешто со крв се правеше?
Можеби е прерано за да се покаже кај гинекологот, али краток разговор и совети за неопходните витамини (доколку не си запознаена)не е на одмет. Преку крв најсигурно ке ти ја потврдат бременоста. Честитки
Фала ти мила, да дава господ кај сите што си чекаат. Само што разговарав со мојот гинеколог, и истото ми го кажа што и ти. Рано е да се провери , ме нарача да одам кај нејзе во вторник, за да бидат бар 10 дена одкако ми касни, а до тогаш да сум пиела фолна киселина. Па вика кога ќе дојдеш кај мене ќе ти кажам се што и како ќе правиме. Тука а ај уште едно прашање, мене матичен гинеколог ми е Др Агнеса, до сега кај нејзе сум одела само на редовни прегледи, и ми била ок. Какво мислење имаате за неа.
Во мегувреме можеш со календарите за гастациска недела да искалкулираш во која недела си, и да се информираш кои промени ти се случуваат во телото во моментот. И јас немам отидено сеуште на гинеколог, дури петок. Според календарите терминот е 26 јуни (последна менструација 19 Септ.). Тука некаде сме сигурно Се читкаме во темата прво тромесечје
Дани, незнаев за тебе, извини ама овие теми до сега малтене не ги ни отварав. Само позитивна мисла , и се да ти тера со лесно Епа ќе се читаме почесто од сега
^За полесно да си ги следите неделите и развојот на бебето можете да ги користите и pregnancy apps, јас за последните две бремености го користев https://itunes.apple.com/us/app/my-preg ... 22579?mt=8, чисто онака информативно да си знам до каде сум, да не рачунам постојано која недела, плус те потсетува и за побитните лекарски прегледи итн. Честитки до Даничап и Ирена со лесно да си ги поминете бременостите.
леле Аморче2 многу ти благодарам, многу ми помогна со постот, и мене не ми се лоши сеуште, немам повратено, од една страна мислам рано ми е, 7 нед, а од друга пак дека нема да имам мачнини, зошто нели тие се до третиот месец... инаку и за притисок не се секирам, низок ми е и постојано ми се спие, единствено за што сум загрижена ми се попуштените вени на едната нога, уште сега ги имам, па со зголемена килажа ке попуштат уште повеке, ама си купив хулахопки со компресија и ке морам да ги носам, се додека ме собираат во стомах после чорапи со компресија ке се...за другото, како ќе е така, се надевам нема премногу да се здебелам, ти се восхитувам кога велиш дека си отишла на порагај со + 10, а си излегла со -12 Со среќа на новите трудници
Не мора да значи дека ќе ти се лоши, супер да не ти се лоши Ќе си спиеш сега до кај 3 месец, нормално е тоа во рана бременост... А за килограмите можеш и ти, само треба многу пазење, погоре негде во постовиве имам напишано што јадев, што не јадев...прочитај може ќе ти биде од помош, битно не пиј сокови газирани и тетрапак, не јади бел леб и теста (лиснати, пити, кифли), замени со интегрално, благо ништо, чипсови и грицки исто така и ќе имаш резултат, а ништо од ова не е здраво така што ништо не губиш, само ќе добиеш Иначе, бебињата тежат 5,200гр, две постелки и два водењака уште толку, 1-2кг вода задржана и ете ги -12кг, а јас последниот месец место да качам ослабнав, што значи они зимале од мојот вишок И најбитно, не треба да јадеш за тројца и не мора да пробаш од се' (нели старските муабети, да пробаш од се по малку за и бебето да јадело)...глупости, јади си колку што ти е тебе доволно и уште побитно почесто по малку! Сега на почетокот јади многу протеини и млечни производи, заленчук и салати колку што можеш повеќе, а овошје немој многу, има многу шеќери и освен што дебелее, мене и шеќерот ми се качи....по две три овошки на ден и тоа немој навечер. А за вените, се надевам дека нема да имаш проблем, дека хулахопките и чорапите ќе помогнат
Мамаситас, негде прочитав ама сакам да се осигурам допрва ќе треба да ги правам брисевите и приската...исто на гинекологија па ме интересира да ве прашам отприлика колку чинат тие испитувања да знам да бидам спремна финансиски горе доле Фала Ви
Волсебна, ја мислам стом досега не почнало да ти се лоси нема ни од сега, засто обично во 6та недела почнуваат мачнините и повраќањата, па со лесно
како сте феминки? ние добри,одмараме со бебуш,завчера го направив последниот преглед,бебуш е наместен како што треба,го слушнавме срцето .. поминав супер,докторката мн фина,љубезна,внимателна само ми рече да испитам toxoplasmosi оти помина повеке од месец од последниот тест (вид на бактерии кои можат да наштетат мн на бебето при пораѓај доколку ги имам и ке треба една терапја да примам). Се надевам се ке биде во ред како досега 39+1 сум,се чуствувам добро,само од синока навака имав три пати чудни вртоглавици и доста силни па во понеделник ке ја барам докторката да ја прашам зошто. дали на некој му се случило да има вртоглавици ?? имајте убав викенд,со лесно на тие што сте при крај.
И јас имам вртоглавици и намален апетит, но мислам дека е од времево, а ние најмногу ги осеќаме промените. Ајде уште малце имаш издржи. Јас сум 34 недела и се плашам да не се породам имам јаки контракции навечер.