Нека биде се во ред само, и да се роди во 9 месец сме нема простор за страв од таа страна. Туку жени јас синоќе си го сонував синчето, ги сонував мајка ми и тетка ми како идат да ми помогнат за породувањето, а после го сонував и синчето, како го држам со црна коса катран, го бакнувам, милувам, ама ме зачуди едно нешто, се родило на Василица, и сум рекла на мајка ми и таму тие што биле дека ќе се вика Васил дали нешто треба да ми значи сонот со името? Си имаме друго име кое е предлог од кумот, ама оваа што го сонував ме замисли... важно осеќав убавина некоја кога голичко го држев синчето во прегратка...
Добро утро ,кажете ми вака пред крај 38ма,39та недела колку често се оди на цтг,или по потреба како ќе ви кажат?!
На мене матичната ми викаше во 9 месец нема потреба да се оди на контроли а сакав да одам, и прифати само во 37 недела сега да идам да ме види. Јас цтг правев во 36 недела, и сега во вторник пак ќе правам кога ќе сум 37+2, и така секоја недела обавезно по еднаш сакам да правам, ама во Санте ќе се пораѓам и така ми влегуваат во цената тие цтг и ехо прегледи, а матичната не сака да ми прави.
Фала,значи ок е и еднаш неделно ако нема индикации за почесто,и јас до сега бев во 37ма и 38ма по еднаш...и сега здравје пак во 39та.Да,матичните мислам после 36та препраќаат да се оди таму кај што ќе се пораѓаш.
Јас по еднаш неделно идам, ако е мирно цтг. Бев минатиот понеделник 38ма, сега сум во вторник 39та ќе бидам
Еднаш неделно јас одам досега, 38+4 сум. Ако има потреба мислам дека ќе кажат почесто, инаку нема потреба ако нема индикации
На една недела, сега последно ми рече за 10 дена. Ваљда гледаат според ситуација како е со контракции, плодова вода и сл. Ако сметаат дека си при крај ваљда и порано би ти кажале
Во која недела ти го извадија серклажот и дали мораше со царски поради него?Дали лежеше цело време откако ти го ставија?
Ма нееее бре Дајте малце полабаво, многу хорор филмови гледате Кој те остава со саати сам на бокс. Иако и јас со првото бев 2+2 саати на бокс но тоа не го сметав за мачење, туку за природен тек. И двете деца ги родив брз врски и сѐ помина како што треба.
Забораваш дека кај се што е природно е мачење. Не затоа што природата така не направила туку за да си имаат забава во болница.
Јас и на приватна бев неколку часа на бокс и на крај пак бев царски. Едноставно кај сакаш биди тоа е процес и кај секој е различно.
Па на државно доктори и сестри намерно те мачат да раѓаш природно со часови, не е тоа од природата, од ГАК е што така се раѓа.
Како може намерно да те мачат?? Бебето сака да искочи они сосила го држат??? Чекаат до крај за да се роди природно, и тоа секаде е така во свет, не само на гак, бидејки природно е подобро и за мајката и за бебето, од здраствен аспект, болката е во моментот и тоа е, баш природа.
Женски ај тука да си прашам можеби ќе добијам одговор. Во приватна болница која цена е Рогам инекцијата, која ја ставаат нели ако бебе е позитив рх фактор а мајката негатив. Со првото ја примив и во 28 недела и после пораѓај бидејќи син ми беше позитив.Сега во 28 недела ја примив кај матичната, ми ги рефундира средствата, а бидејќи ќе се пораѓам во Санте ме интересира дали ако таму ми ја стават се рефундираат средствата, еднаш ги прашав пред фб, ми вратија дека се доплаќа ама дека средствата можат да се рефундираат.После тоа кога им се јавив преку тел, ги прашав пак ми рекоа дека може и сопругот од надвор да ми ја донесе од аптека да ја купи и да ми ја стават само они таму.А рецепта од кај? Од кај нив или од кај матичен би била? И која цена им е ако од кај нив ја ставиш, ако има некоја да ми одговори што знае или што и ја ставиле таму од болницата.(приватна) Ако нема никоја со такво искуство да си прашам таму кога ке одам на преглед подетално.