Еден апдејт од мене за железото и хемоглобинот. После 15 дена сидерал форте железото од 12 на 14.5, а хемоглобинот од 10.6 на 12. 0... Јас сум презадоволна за разлика од хеферолот каде што за месец дена, значи дупло подолг период кај железото немаше промена а хемоглобинот беше уште толку паднат... Плус во тој период јадев и мед и семе од коприва, но кога видов дека нема никаков резултат кога го почнав сидералот го прекинав и тоа. Скап е, ама ако сакате побрзо да ви се појача крвта вреди, барем во мојот случај.
Аиии супер. Мене ми е при крај кутивчето, не знам дали да правам кс или да терам со уште една доза сидерал?! Само во синлаб хемоглобинот ми е 106, на трансфузиологија ми е 125
Епа и мене во Синлаб ми беше 106, ама сега ми е 120 исто во Синлаб. Пред тоа ми беше 110, исто во Синлаб. Затоа не менувам лабараторија за по веродостојни резултати. И јас имам уште 5, и затоа испитав, да знам дали да купувам нови или не.
Здраво,ме интересира дали некоја трудница наместо тестот за скриен шеќер(OGG),правела тромесечен просек за шеќер? Премногу грдо ми е да го пијам,па матичната рече сосема е ок и овој(немам никакви ни симптоми за шеќер)...Муабетот ми е дека сега ми е шубе,што го скокнав овој типичен тест за скриен шеќер...
Што мислите за цтг-во? Минатиот пат беше многу повеќе размрдано, а и јас вчера и од сабајлево не го осеќам како предходно. Ми викаат добро е во граници на нормала си е, не ни има веќе толку простор ама џабе не сум мирна На ехо исто ми рекоа таман си е 37ма недела од денеска
39та недела сум денес. Гледам дека од едната града ми тече некоја жолтеникава течност. И маиците ми се со дамки од тоа. Нормално е?
Да знам, само стравот ми е дали било само успано, или нешто не му е погодено, како ги сеќававте вие од 37ма, исто или се намалија движењата?
Имаше денови кога беа намалени движењата, но не драстично. Не ми е намера да те паничам, не знам ни јас како и што треба да биде ама мене докторов што ме следи, ме прашува неколку пати дали осеќам дека се намалени движењата, ако да, тогаш да одам таму обавезно. Ми рече дека е многу битно да се движи. Но, штом те виделе веднаш после цтг и ти рекле дека е во ред, тогаш е во ред. На ехо ок беше се? Следи ги движењата, ако осеќаш дека е баш намалено, оди.
Во врска со железото, моментално сум на терапија 2*1 Ајрон Фолик, наредна недела треба да испитам дали има подобрување. Е сега, ми спомнаа за Малтофер таблети (од Бугарија, мислам дека кај нас ги нема), ми кажаа дека биле подобри од сѐ што може да се најде кај нас и дека за брзо го качува железото. Ги има ли користено некој?
@Grasiela** Еве го и моето цтг од денес,исто ми рекоa дека е ок,а и јас ко за беља денес баш слабо ја осеќам ,а сабајле и 3 и пол ме разбуди со мрдање. Да не знае некој бројкиве за плодова вода и кратенкиве што значат?Инаку и цервикс ми мереа 4.3 см не покажува знаци дека и се излегува
Јас прво го правев тестот за скриен шеќер, откако се испостави дека имам скриен шеќер го испитав шеќерот во последните три месеци. Докторот ми кажа дека во тие последни три месеци се гледало дали си имала покачен шеќер и дека ако тој шеќер е покачен е проблем ама среќа кај мене не беше тој шеќер покачен. Сега не знам дали би се видело со тој тест дали имаш скриен шеќер, бидејќи кај мене резултатите од три месеци беа во нормала. Ако некој повеќе се разбира нека ти објасни, јас не знам многу многу ова е само јас како испитав.
Чим си ја осетила немај гајле плус и веќе им е тесен просторот неможе толку да мрдаат, а иначе цтгето ти е добро бебка си била будна а имаш контракции ама на нередовни интервали
Мајки ми донесоа домашно младо сирење од Србија , дали смеам да го јадам во умерени количини? Поздрав
Kolostrum, prvoto mleko. Ista sum i jas, postojano sum so fleki. Bradavicite me bolat nenormalno, mačkam so lanolin od Dm, go prasav Dr neli e rano, reče ok e samo da ne gi stiskam gradite