Колку дена можам да примам парацетамол. 21 недела сум и носот ми е затнат, четири дена користам по две апчиња на ден но сеуште не ми поминува
Го осетив неколку пати од сабајле, ама пример ке мрдне еднаш и после го нема 1ч, па ке се напијам вода, ке го подбуцнам па пак...некако ко мрзливо. Иначе ке си се размрдало ке почнам да бројам до 10 ке стасам пример за 20мин, и толку, па после 2ч па ке си се јави и така. А за плашење, џабе отидов на лекар ич не се вратив мирна... Незнам како времево да ми мине од што само тоа мислам
Да одма после цтг, ехо правев. Мерките му се таман, само мешето малце поназад, ама таман имаше ставено на килажа од минатиот пат. 2.980 е Вода ми вика бистра и доволно, плацента и проток добри, и бебето горе качено. Со устата си мрдаше ко да цица, ми вика еве будно е, ама јас не го осеќав, ни на цтг-то, ни па на ехо, иначе апла де гледало стомакот си мрда. Јас наредна недела сум царски, само не сме договориле ден, ама до тогаш ке полудам ако не го осеќам како до сега. А знам дека е многу битно, и сега незнам што да правам
Цела бременост ми беше затнат носот, мене докторката ми кажа да не пијам ништо, дека е нормално. Ако ти е многу затнат и ти е тешко, тенџере со топла вода и стој над него, од пареата би требало да ти олесни малце. Јас така правев. Или земај некој спреј за нос, побрзо ќе ти помини отколку со парацетамол.
Зависи дали е пастеризирано или не. Јас лично одбегнувам домашни сирења ( и за купечки обавезно читам дали е пастеризирано на повеќето пишува ) заради листерија, и баш дадовме цело канче преубаво домашно сирење поради ова. Ова е мое мислење, јас искрено и моцарела одбегнувам, ама нека кажат и поискусните мислење
Еве јас пак од хеферолот сум многу задоволна , два месеца го земам првиот месец немаше нешто разлика од 13 на 14 ми беше само покачено а сега од 14 на 26 ми отиде железото не ми се веруваше ,а хемоглобинот од 10 на 12 .
Да да ти верувам факт е а и нормално е дека не делува кај сите исто, битно дека сме нашле што ни одговара
Мамички како се чувствувате денес? Јас сум за никаде со расположение,тело ме боли и малку сум омалаксана. Дали ми е од времево не знам,цел ден мие ладно мислам есен е. Се напив еден парацетамол и чај со лимон се надевам ке ми помине брзо
32+ сум а мене цело време доле ниско ме притиска бебе и мислам ке се помочам во секој момент и дури цела рипам од ударот Ама се радувам што е активна нека си мрда Ти која недела си?
34+1... болки ниско, се подмокрувам редовно а дека лежам цело време, мајка ми кога пегла ми вика "што напраи со толку гаќи" Ќе биде се добро, веќе на се викам "нормално е"