И кај мене во 39гн беа намалени, ама затоа ме интересира пред термин колку би имало време да се среди тоа. Мене не ми дадоа дека секако било при крај, немало да има некоја корист. Секако нека си го слуша докторот, пишувам само од искуство и што ми беше кажано мене.
Да да јасно ми е...плус не е рано и да и предложат да се породи доколку бебето не напредува повеќе,знам и за такви ситуации..И јас мислам нема простор за паника,ќе си биде се ок
Така е. Јас се породив со царски во 39+3гн, не напредуваше и пулсот беше слаб. Да, секако е дојдено времето хаха
Друшки дали некоја од вас се соочува со болки во колкови при лежење?? Незнсм дсли тој дел спаѓа баш во колкови, од позади но ниско веќе фаќа накај задникот. Јас ги имав еден период околу 7ми месец, само далеку послаби од сега, па после ги снема, и еве сега може недела и кусур наназад многу ме болат, посебно навечер кога спијам... Повеќе ги чувствувам како некој вид на грчеви, кога спијам на една страна и почнувам да чувствувам болка и се вртам на другата, е тек кога ќе се свртам боли уште појако, болката се шири низ цела нога, краткотрајна е како грч ама е неподнослива... Ни магнезиум ни ништо не ми помага.... Дали е нормално од тежината или пак е до мојава кичма нешто што си мачам мака цела бременост....
Леле истите маки ги имам и јас особено овие 2 вечери и ако е се така до крајот а може и поболно ке станува како ке се издржи не знам,ама мислам дека е од тежината од ништо друго
32+4 ти си пред мене со терминот А мене не само колковите што ме болат дури и рамо,рака,колено се ми е здрвено а и многу тешко ми е и вртењето од една на друга страна морам да потстанам за да се завртам нема шанси во лежечка положба да се свртам
Мила ти си дошла до крајот баш ми е мило додојде времето за да се гушнете со бебето.. среќно па ке пишеш искуство.. која недела ти закажаа царски јас сум еве 32 + 5 почнав со цтг самиот старт на 32 супер поминав па сега на 24 пак сум на контрола 33 ке фатам веќе возбудата се повеке расте. Каде закажа царски?
На крајот веќе секоја болка е нормална бебе тежи ти неможеш ни да стамеш ни да се вртиш. Така да на крај си немаш што да се грижиш.
Идентично ми е и на мене, а тек сум 27ма. Ме болат колковите пред се' на таа страна на која спијам, без разлика дали лева или десна. Ме боли и одпозади во пределот на бубрезите, дури ме боли пределот на ребрата. Кога се вртам од една страна на друга, ме кине уште толку, а при вртење особено ме боли пределот на срамната коска, едвај се вртам. Уште 3 месеци не знам како ќе издржам, кој знае уште колку потешко ќе ми стане. А за грб па да не зборам, ама па со него си имам проблем уште од пред бременост (дископатија, лордоза, фатен нерв). Во последните 2 дена пробувам да спијам со перница помеѓу нозете,меѓутоа нема никаква разлика.
За утеха, и мене тој период ме болеше, па прекина... Цел осми немав такви болки... Сега во деветти пак се појавија, само мн поинтензивни..
Да мила, уште не можам да поверувам дека помина времетоУтре ќе бидам 38+5.Во Ремедика сум кај др.Ефремовски.Јас почнав со цтг од 34 недела.Вечер сум на цтг, па да ми потврдат за утре за сигурно.Шест недели сме биле разлика само.Многу брзо поминува време сега на крај, барем мене така ми личи
Дракулевски ми рече нема потреба од аспирин... вика што е тоа 39та недела, аспирин а се е во ред, постелка, протоци... така да дефинитивно нема да го пијам, ама сега имам друг проблем... некако многу недоверба и несигурност ми даде Кировски во Чаир, а кај него треба да се пораѓам... не може така од ракав да си тресе терапии...