Леле ме наежи за се што имаш поминато, мн ми е мило што не си се откажала, вакви луѓе требаат баш во оваа тема, бидете живи и здрави со женската.
Девојки ај кажете искуство со вадење заб во 8ми месец? Сакам да вадам умник, веќе 3 дена сум со болки.
I I mene taka mi bese na krajot strasna bolka vo kolkovi I napred I nazad I kocenje na nogata ...ne pomagase magnezium ama najverojatno taka e kaj site na krajot bebeto se spusta I si pritiska bez gajle ne e strasno
Мислам дека во 8 ми најмалку се препорачува да се вади заб, но ако имаш нормална бременост консултирај се со стоматологот и гинекологот. Сепак полошо е да трпиш болки во секој случај. А баш мора да се вади? Мене во 3 ти почна да ме боли умник, ама среќа се правеше и топ поминав со анестезија не сетив ништо. И цела бременост имав проблеми со заби, за разлика од првата и се санирав до 7 ми месец без никаков проблем.
Не е точно,мерката важи до прогласување на крај на пандемијата на светско ниво.Само што на некое работодавачи не им одговара па со новите опуштања на мерките што ги донесе Владата вчера кажуваат божем не важи и за трудници.
Јас се вработив во нова фимра во фебруари и дознав дека сум бремена.Им соопштив околу 12 недела и ме пуштија да работам од дома,сеуште сум од дома одам еднаш неделно ако навистина е неопходно .мекрите траат уште ,искористете ги своите права ама пуста Македонија не акаат кој ако сака.
И мене никаков проблем не ми направија, останав уште некоја недела да расчистиме гужвите и во договорениот датум одев ма работа.
Би сакала да прашам сигурно знаете повеќе да ми објасните, јас сеуште одам на работа е сеа кога ќе треба да отворам породилно? Јас цело време мислев дека откако ќе се породам се прави тоа ама денес една пријателка ми кажа дека се почнува порано т.е дека треба да си земам документ од матичната веќе. Дали ќе може некој да ми каже зошто сега се отвара, мислам за што служи дека немам никакво познавање за оваа тема
Во закон стои мислам 28 дена пред термин, но ретко кој го отвора тогаш. Јас го отворив на денот на породување.
Здраво друшки. Колку често правите микробиолошки брисеви? На последната контрола кога бев, докторот вели наредна контрола треба да земеме брисеви. А, јас ги правев во 9та недела, дека нели имам печење повремено и беа чисти. Тој рече епа таман ќе има поминато 2 месеци и сега наредна недела сум на контрола. Јас како што се жалев неколку дена по ред ме пече многу кај отворот на вагината, па потоа пак ќе однема. До сега 3пати правев уринокултура и ми е чиста. Последно онаа недела. Исто така цело време сум како подмочана, со влажен долен веш, а сега само навечер ставам утрогестан. Додуше јас и пред бременост секогаш си бев таква како подмочана. Се нервирам и што некогаш кога сум излезена на долго време и неможам да сменам долен веш има мирис. А, ете се' ми е чисто. Пијам превентивно чај од брусница, друго што да правам? Го прашав пак за некои вагиналетки на природна база, ама ми рече не ти е потребно. Дали само јас сум ваква?
Јас до кај 18та недела бев цело време мокра. Ми снемуваше долен веш, ....докупив уште 10 пара. После 18та некаде ми се среди, знае да потече нешто и плус од утрогестанот, ама не како подмочана претходно. Пиј си ги чаевите, чат пат надворешно замивај се со камилица или вода со сода и то је то.
леле боже како на филм...браво за истрајноста и силата во тебе,ти симнувам капа ! да сте живи и здрави
Софи драга и јас сум иста.Исцедок имам колку сакаш,лигаво,а и има миризба .Брисеви добри така да ова си го носи самата бременост.Подмочана сум си цело време ако некогаш ислзегувам на подолго знам и влошка да ставам,менувам гаќи по 3 паи на ден .Нема потреба од дополнително ништо тоа е нормално во бременост,.....А некогаш ми се чини олку лошо мириса ....Изгледа ќе да нема чаре
Јас цела бременост бев како подмочана. Утрогестан ставав утро и вечер, па со него уште повеќе. Во текот на денот користев 10пара долен веж. И во чанта си носев со мене еден пар обавезно А за печењето, јас откако ставав утрогестан ми почна. Мене матичната ми даваше крем Канестен да мачкам. Јас се миев и со камилица и немој да користиш гел за интимна нега.
35+5 недела сум и од ноќеска имам грчеви и болка во рацете кога лежам било на која страна рацете ми се здрвуваат.Се јавив кај гиникологот ми рече да земам магнезиум директ и по 2 на ден, рацете да ги ставам во ладна вода и да одмарам.Вели вообичајно е кај трудници можеби станувало збор за карпал тунел кој поминувал по пораѓајот.Дали некој имал ваков проблем, мака е бидејки на која и страна да се свртам рацете ми се укочуваат?