Мамички многу ви благодарам на убавите честитки.Сите ќе си ја доживеете оваа убава среќа.Јас се породив во Ремедика со царски.Се помина во најдобар ред, а условите и докторите се прекрасни.
Честиткиии мила, баш ме израдува, здраво и живо да е бебето, го доби најубавото име Мајка.. Сега остави не нас и уживај во мајчинството па дајбоже сите да си дочекаме
Не знам дали прашањето е за овде, ама сепак ќе го поставам, од пред една недела поради намален цервикс матичната ми препиша утрогестан и препорача повеќе одмарање т.е. Лежење. Од тогаш ми се јави чешање на левиот колк, и еве никако не поминува а кога лежам на левата страна посилно чеша и е неподносливо, почнав да се загрижувам. Во понеделник секако ќе одам на лекар, ама ме интересира иѓа ли шанси да е поврзано со лежањето или утрогестанот? Читав и за кожни заболувања за време на бременоста ама се е претежно на стомкот... Спојлер: Слика
Мене ова ми личи дека е од лежење... самата циркулација е потисната штом лежиш на таа страна, а и не е некое подложно место за габични инфекции, да би чешало... мене плешките ми се баш вакви.. и мислам позади колкот, ама не можам да се свртам да видам....
Многу заборавам. Се, од обврски до муабети и битни информации. Заборавам што сум рекла, што сум купила, што сум направила, што треба да направам. Како од Марс да сум падната. И запишувам и џабе. Концентрација ми е на минимум. Прекинав да возам на релации подолги од 10 мин зошто немам фокус, се губам. Ќе се врати ли се во нормала после породување или може да се влоши?
Да, ми потврдија дека бебето не е со главата надолу. Има чудна позиција главата е лево, телото десно и нозете се надолу. Како С буквата. Денес ќе разговарам со докторката ама најверојатно ќе треба да закажам за царски, ако не се сврти како што треба. Вчера се осеќав очајно и разочарано, баш сакав да е природно. Ама нема веќе јас како што сакам се надевам само да излезе на крај се како што треба, цела бременост ми помина супер и сега баш на крај
Нормално е во бременоста да се биде расеан, ама ова ти што го кажуваш е многу. Јас сепак мислам дека ти е повеќе поврзано со твојата анксиозност и стравови, мозокот ти е преоптоварен со тие мисли, и нема простор да процесира вакви секојдневни информации, одколку што е поврзано со самата бременост. Пробај да се опуштиш малку, знам дека не е едноставно, ама веќе си при крај, што се вика часови те делат од твоето бебенце
Да. Имам напади на паника и сум анксиозна претерано. Па се јавија сега некои ситни проблеми, па можности за царски од кој имав многу страв и
Истото го доживеав, само јас ден пред породување дознав дека мора царски. А кај мене беше идеално наместено, ама поради други причини мораше. Плачење, паники, ама ништо не се смени само што имав висок притисок. Битно ти и бебе да сте добри, па и царски не е ништо страшно, после со бебе немаш време да мислиш на болка
Не се секирај,како викаат "ако не иде по плану иде по судбини" .И јас не знам што како ќе биде оставам на Господ .Кај планираш да се пораѓаш?Со лесно да е и добро да заврши
Не се секирај, и кај мене е скроз попречно, како векна леб легната,а нозете косо нагоре, слично на С... Докторката ми рече вртење тешко, од утре 35та, ќе биде се добро, вие сте големи веќе!
Фала ви мами на сите и јас веќе се тешам дека ќе биде така како што треба да биде. Само не знам зошто имав голем страв од царски, а знам жени намерно сакаат баш на тој начин и веќе си мислам не сум ни прва ни последна што ќе биде така. Знам дека се е зависно од ситуацијата и се може да се очекува, само со Господ напред. Само бебе да е ок зошто веќе мозокот ми се направи шашма од читање по интернет за компликации и последици на попречно свртени бебиња. Вака што читам позитивни искуства ми даваат сила @KonstantinaM живеам Америка па тука ќе се пораѓам, барем во тој поглед мислам дека ќе биде се ок, овде ќе те дрогираат ако треба ама не те оставаат болка да осетиш ни најмалку
Воопшто да не се грижиш. Јас би плачела сега ако ми речат природно наместо царски . Битно живи и здрави и ти и бебе да сте. Инаку колку трае породилно во Америка?
Добро можно ли е бебе да почне да дреме на сред цтг? Таман си почна, и видете го крајов Средата бев таман си беше сабајлево еве... Сега еве го сетив, незнам веќе неможам да издржам Сега наредно понеделник сум ама мисли ке ме утепаат Иначе докторот таман е ми вика, си се потпиша и толку
Пред цтг обавезно јади благо. Ја еден гига кроасан со чоколадо и една кока кола во кола по пат натака, и бебе разиграно колку сакаш.
И кај мене беше бебче наместено за природно но поради други причини мораше царски. Јас тоа не го доживеав толку стресно пошто на моменти си мислев дека и царски е ок да биде. Ич не жалам бидејќи одлучно поминав. При интервенцијата ништо не осетив пошто бев со спинална а си го видов бебче одма. Од после минимална болка и уште утредента станав , си се истуширав, си се средив. Сега три недели од пораѓајот раната е зарасната скроз има само една бледа линија и ептен ниско доле, не се гледа и бикини да носиш Затоа не се оптеретувај, секој пораѓај е приказна за себе, има природно што поминале прелесно а има и такви што се шиени и со триста маки. Истото важи и за царскиот. Најважно е бебето и ти да сте добри
Изедов еден овошен јогурт додека чекав, ама ништо. А што мислат со тоа без паника добро е, кога е успано, тоа ме нервира мене кога знам дека треба повеќе варијации да има, треба да се расправам, може и ке ми се испонашаат шо идеш ако поарно знаеш знам, ама аман од докториве После дома минерална ладна вода се напив и си се размрда. Јас три пати во денот, сабајле, на пладне и навечер гледам да избројам по 10 движења и бројам. Кога појаки кога нежни, ама еве цтг е денес вака, а наредно понеделник, така да "наздравје" викенд :/