Немој да паничиш,штом си ептен при крај уживај си уште малку ке се гушкате со бебчето.Кога повеќе читаме повеќе и паника си ствараме.Со лесно нека ти се овие крајни денови
Јас викендов бев во Дојран и здравје и нареден ќе одам. Инаку 33+4 сум само со застанување малку да се размрдаш да небидеш цело време седната. Така ми рече матичната.
Дали Ефтимова те прегледа? Зашто муабетов што го пиша, ми го кажа и мене, после искочи нема везе од ништо, се си беше ок.
Мн се жалат од неа, мене ми кажа протоците не се ок, не стига доволно храна и кислород до бебето, па уште 2 доктори ме прегледаа, немаше везе жената, незнам кој ја држи на работа.
Не знам што да кажам, ќе одам денеска кај друг доктор да видам што ќе каже дај боже да искочи дека нема ништо
Здраво од мене 38+3 Неможам да си поверувам дека стигнав до оваа недела ( на почекот со анксиозност, панични напади, негативни мисли) овој сладок и убав крај ми се гледаше мн далеку и недостижен..се ближи терминот 4 јули... некогаш мислам ќе одам до тогаш, некогаш си мислам уште истиот момент ќе излезе...Женички имам страшно многу и зачестени Брекстон Хиксови лажни контракции се случува во 1 час и до 5 пати да ми се згрчи стомакот, со болки доле ниско, траат од 30-50 секунди и прекинуваат.Ама веќе ме нервираат си велам ако веќе се ближи пораѓајот дај веќе да не ги осеќам овие контракции туку вистинските...И сега поради нив знам дека нема да ги осетам вистинските а треба да патуваме до болница 1 ипол час, ајде ако нема гужва по пат и 1 саат и 10мин најмногу. Ве молам некоја да ми ги објасни оние, баш баш вистински болки, контракции за раѓање или поточно оние што ќе ме навестат дека е време за да тргнеме во болница за пораѓај ( да не имам забави по патот, со болки, или не дај боже во кола да се породам D) Ги мразам овие лажните само во бунило сум од нив... Во понеделник на 28 имам закажано кај Др на преглед и цтг, па ќе видеме се молам да рече да ме задржат да не се мачам по пат со мисли...Оти можам и со лажниве да се залетам накај Скопје од Радовиш па да биде лажна тревога и да ме вратат....Оф овие последниве денови страшнии....Многу мисли, како ке биде, страв од болките, страв од породувањето, дали брзо ќе се породам, дали ќе си стигнам на време во болницата, ама и многу возбуда и среќаа, уште малку сме тројца, за кратко ке бидеме 4 фамилија во новиот дом...едвај го чекаме
Како си направив цела ноќ ич убаво да не спијам. Се вртев лево-десно нонстоп... Паники ме фаќаа од што се прочитав. Само на тоа мислев дека ја заебав работата со семките. Дај бе некоја утешете ме, опасно ли е ? Дали и вас ви се случило цреши со семки да јадете во бременост ? Искрено никогаш не сум прочитала дека не се добри семките, а црешите ги мислев незнам колку време...
Оди најубаво и на друго мислење, ништо не губиш, абе ги задржува за ич ништо, намалена плодова вода а уствари вода нормално и ред други работи. Не е задоктор таа.
Толку знае. Мене лично, кога бев на прво цтг, ми вика протоците не ти се добри, а дете си напредуваше супер, ме праќа крвна слика да испитам, ми дава да пијам за железо а ја и кажувам дека пијам веќе вика пиј ги и овие. Фала богу не ја послушав, ме виде Др. Младен од Чаир ми вика не знам што видела докторката ама супер ти се протоците. Немам убаво мислење за неа.