Леле бе женче бе ја и ти значи апла исто сме. Мене термин 1ви јули. И јас истото му го викам на докторот јас од овие лажниве нема вистинските да ги осетам. Он се смее вика ќе ги осетиш ќе ги осетиш до душа и така е, болка е тоа колку што памтам што не може да ја промашиш, ама па еве читам на форумот некој и мн побезболно поминуваат па си викам ај и ја така мислам дека најрелевентен фактор треба да ни биде интервалот, ако е веќе болката на 5 мин макар и мала да е правец болница... Плус кај мене на цтг почна да дава контракции до 100ка што не се занемарливи.. И грлото е веќе омекнато и поотворено... Тебе ти правеа вагинален??? Ако не на нареден преглед обавезно. А јас сакам нареден преглед нека ми рече 5 прста си отворена
Мајка аааа ајде честитки иии.. Природно?? Живи и здрави да сте, брзо закрепнување и многу гушки и бакнежи
Лелеееее мајка баш на датумот Да сте живи и здрави и најсреќни!!! ♡ Јас денес бев пак на цтг, бебулево мое си уживка... сеа следно во петок сум пак на цтг
Ти ја разбирам грижата ама мислам дека е невозможно да не ги осетиш вистинските контракции. Во првата бременост ги осети? Кај мене на пример падна чепот и почнаа школски, на 40 минути па се намалуваше временскиот интервал. А се породив дури после ден ипол (повеќе од 24 часа). Е сега сите сме различни... се надевам се ќе помине во најдобар ред.
Chestitki srekjna majko! Zivo, zdravo, srekjno i od Boga da vi e blagosloveno sonceto najsvetlo na svet!
Баш така со апчињава, си ги дели како ќе и текне си кажува што ќе и текне па после убиј се од грижи ти дома и бараќи нов доктор
Баш така, отиди си на 2 мислење колку да си бидеш мирна, да видиш дека се ќе биде ок. И пиши што си направила.
Ми направи др вагинален во саботата кога од паника со овие лажниве се залетав ама па таа ми рече да идам, ме прегледа вика не си отворена, може од притисок на бебето да те боли, или пак лажни контракции што може ќе си ги имаш и до 2 недели пред пораѓај, а тоа ич не го сакам.А имам читано дека овие лажниве контракции биле и добри пред пораѓај на некој начин матката веќе си се спремала за чинот. Ми правра и цтг, во 20мин една контракција само до 100ка.Вика др имаш контакција се покажува ама не си за пораѓај не си отворена дојди на 28 и тогаш ми се виде многу далеку 28, се плашам до тогаш ако биде...абе овие лажниве стегаат ли стегаат без воздух ме оставаат...Дај боже да бидат барем полезни штом ги трпиме.Јас се надевав дека барем пред термин ке се породам дека бебуш беше 2 недели напред, ама изгледа ќе си терам до термин така ми стои и осеќам...А знам дека кога ќе почнат вистинските нема да престанат, со овие лажниве и се движам и се издржливи, а вистинските не верувам дека ќе престанат. Со првото ми пикна водењак и дури после 38 часа се породив, цело време во болница, најискрено незнам и не се секавам какви ми биле болките, не мерев знам, туку шетав се движев а се појаки и појаки беа, што сега незнам да ги опишам какви биле не се секавам на ништо од што ужас и хорор беа и сестри и доктор, имав лошо искуство што повеќе сум била исплашена прворотка, ништо незнам што се дешава...сега се тешам барем дека ќе сум во приватна болница, докторката што ќе ме пораѓа ја знам, подобри услови каде каде, па ќе видеме иако е така имам страв, трема, и сеќавања лоши да не поминам пак исто како со првото, оти незнам колку сум спремна низ истото да минам како тогаш.Ми се плаче кога пишувам не пак да доживеам
Здраво девојки, јас сум 8 недела и гледав некоја емисија за трудници каде доктор гинеколог зборуваше дека мачнините во бременоста се уствари заради порастот на Хцг и тоа е знак за здрава бременост. Јас до сега имам скоро ич мачнини. Јадам и пијам се нормално и сега до нареден термин уште 5 дена ќе умрам од грижа. Цело време се плашам и се грижам уште овај податок ми фалеше. Сите ли имавте мачнини на почетокот и колку во пракса е точно ова?
Здраво, моите мачнини и повраќање почнаа од 9 недела се до 26 недела, сега се намалија некако едвај, бев со инфузии, електролити и само тестенини поднесував. Нема правило, за разлика од мене, снаа ми роди здраво бебче со бременост што не ја осети, ден мачнина немаше. Се е до организамот.
Не сме сите исти мила инемаме сите исти симптоми. Еве јас за мене лично д акажам, 12 недела сум, не сум повратила ниту еднаш до сега, мачнини имав во однос на неподнесување одредена храна што претходно сум ја сакала. Пример двопек да не видам, кефир исто, значи на сама помисла ми се гадеше од нив. Имав киселини 2-3 пати до сега додека научам што треба а што не да јадам. Ете толку од симптоми, тоа значи биди среќна што не повраќаш, ти си една од среќните што имаат лесна бременост
Мене ова ми е 3 бременост со претходните 2 немав никакви маки исто како да не сум бремена,но со оваа третата имав мачнини првите 3 месеци а еве сега сум 8ми месец па почнуваат други маки така да секој си е различен уживај колку можеш
Какви две недели пред пораѓај, јас ги имам од 8ми месец... А викаш го подпомагаат породувањето??? Дај Боже да е така... Си првото не сум имала мислам, или пак сум мислела бебе се тегне
Со првото кога бев бремена, немав никакви мачнини. Баш никакви, ниту гадење, ниту повраќање, исто ко да не сум бремена. Школска бременост како од книга. Еве го сега ќе прави 5 години, да е жив и здрав, супер дете е.... Не се грижи воопшто, сега сум 21 недела, со ова имав малце мачнини и повраќав.. Нема правила. Уживај во бременоста, не си прави непотребни грижи...
Ги имам и јас одамна ама не толку често...во денот по 4-5 пати а сега може да се деси во 1 час толку да бидат....Јас дефинитивно со првото не сум ги имала, до душа тогаш немав никакви проблеми, и сега немам ама многу потешка бременост, многу тешко се носам, некогаш не се поднесувам самата, си поплачувам и си велам кога веќе ќе се олеснам, не се издржува, сакам деца да имам најмалку 3 ама бременоста да ја прескокнам...