20 недела бременост втора, Дали е во ред толку рано стомакот да почнува да се стврднува на моменти без болки е. Во првата бременост вакви стврдувања имав таму при крај на бременост затоа сега ова почна да ме плаши. Заказав за утре преглед ама дур одам да спијам мирно барем. Хелп девојки
Јас, прва бременост. Стврднувања имам од 13та недела. Веќе после 20та како напредува мешлак стврднувањата се почести. Докторите сите ми викаат нормално е.
Јас стврднувања како контракции не од тогаш, но да го чувствувам стомакот камен и како да ме влече надоле да, точно негде тој период, 20та недела... И скоро цела бременост ми е таков... Ретко кога е мек.... И јас сум прашувала, ми викале магнезиум, и пијам ама не е од некоја помош
Цтг не искача во ред во 2 прегледи. А јас сум 40та недела и ми рече денес ќе се одлучи. Испадна дека нема да ме пораѓаат уште. Напорно ми доаѓа веќе, едвај чекам. Инаку многу почнаа да ме нервираат некои жени околу мене со коментари од типот "зоооошто дозволуваааааш секој ден, секоој втор ден цтг и ехоооо" "па и ние сме биле трудни, што идеш на прегледи", "како бе да дозволиш царскиии, мора природно!!!", "не дозволувај царски да те оперираат не биди ГЛУПА".... Ај мене, па и на мајка ми почнале да и ги праат муабетиве ОНА ДА НЕ ДОЗВОЛУВА! Дали сериозно луѓево мислат дека ние родилките апсолутно одлучуваме за се?
Здраво девојки ви се придружувам јас сум сеуште многу на почетојк 4 недели. Од премногу радосна дека после 4 години повторно ќе видам мајка денес ми се измешаа емоциите. Ми се лоши се тресам и имам главоболки цел ден одручеква детенцево си бара внимание надвор сака јас му викам немам трпение, од друга страна тоа се случува бидеќи ги трпам болките не сакав апче да пијам. Сега си лежам си плачам. Се надевам дека ќе се стабилизирам Поздрав од мене на сите со лесно во бремдноста и со живот
Да, глупа сум. Зошто? Затоа што да не е таа "операција" нема да може да се спасам ни себе, ни него. Затоа,што не постои друг начин. Ехо? Цтг? 10 саата ќе лежам со ластиците ако треба, само да му го слушам срцето и да не ми праат паника дека се губи. Глупа сум, зошто 9 конци ќе ги носам исправено, и зошто тоа НЕ ме прави ниту еден процент помалку мајка од некоја што се пораѓала природно. Јас знам, ти знаеш, секој знае низ што поминал во овие 9 месеци. Не дозволувај нули да ти тресат психа. Треба да си Мајка. А не бледа женска верзија од таков поим.
Ама ич да не се замарате кој што кажал,еве јас со најсвежо" искуство ќе ви кажам ми дадоа шанса за природно,намалена плодова вода ама не отворена цтг супер...провокации не реагирам,грло камен во меѓувреме на цтг бебе тахикардично пулс 190,200 и ајде на царски,имаше жени природно чекаа плачеа од болки,и со царски не е баш "царски" т.е и тоа и тоа си има тежина на крај докторот одлучува што е најдобро за мајката и детето,а не другарки,тетки стрини...со лесно да ви е п.с за клексаните кај мене во право искочија гинеколозите да не се примаат до задње крварење опасно едвај ме сошија,ама јас си слушав трансфузиолог заради бебе .Фала Богу сега добри сме