Воопшто не обрнувај внимание кој што коментира. Нека си гледаат своја работа, со тие коментари више па јас не одев толку, јас не правев ова, не правев она аман.секој си е приказна за себе. А каде ќе се пораѓаш?
На вести слушнав дека трудниците се ослободени од работа поради топлотен бран, портокалова зона. На мрт беше таа информација , ако веќе не си ослободена поради корона
мило ми е за добрите резултати..Д прашам,која недела си?(заради д-мерите,кога се проверуваат.Јас сеуште не сум проверила) и каде провееуваше,ако не е проблем да ми кажеш
А зашто ослободени ради топлотен бран..па нели и онака бремени се ослободени додека трае пандемија, од физичко присуство на раб.место
Фала ти, се надевам дека и тебе лесно ти тече бременоста. Мене ми рекоа дека не се испитуваат освен ако нема потреба. Јас испитував поради прележан ковид, во државната болницата во Штип.
Здраво девојки вчера паднав се струполив ама на коленици некако се задржав немав никаков удар со стомакот дали има има место за паника или некој дали имал вакво искуство инаку сум 27+
Каде може да се најде инфо за ова дека се уште сме ослободени ради ковид?' Јас си одам редовно на работа и плус уште една колешка е бремена и никогаш никој не не прашал дали сакаме домче да си седиме. Идеме и по банки и си вршиме нормално работа
Eve na linkot sto bese objaven pred nekoj den pisuva deka seuste se oslobodeni trudnicite. https://sdk.mk/index.php/makedonija...od-rabota-so-fizichko-prisustvo-veli-vladata/
На газдите им одговара така, треба само потврда од матичен гинеколог дека си бремена да им оставиш, по правило треба да седиш дома ама.. Си прават како им одговара дека не знаат бла бла други изговори.
Феминки едно прашање, бремена сум 18 полни недели и малку прокрвавев на бришење не сакам да одам кај матичниот зошто минатиот пат ми рече се е ок, каде да одам, на ГАК не сакам поради гужви, дали ќе ме прегледаат Систина на незакажано?
Го поставив прашањето во што да се спакува за во болница ама не е активна темата па ај да пробам тука.. Женски сега брзо породени во чаир, вие ми требате... Сакам да прашам дали дозволуваат освен мрежести гаќички,обични памучни?? Секако за визита ќе се тргаат, но онака дали даваат да се носат? И дали си спакувате од дома шампони, купки такви работи, или има таму??? Можеби е глупо прашање ама стварно немам поим, со првото бев во државна ама не се ни сеќавам како беше и таму.
Од лична хигиена-се ќе си земеш од дома:пешкир,паста,четка,шампон,сапун...што мислиш дека ќе ти треба...За памучни гаќи незнам дали дозволуваат(кога не е визита),но од хигиенска гледна точка-не е мн практично,особено царски ако одиш.Треба цел тој дел да дише,па затоа се бараат оние мрежасти влошки вир(или мрежасти гаќи).Не е поентата да апсорбира влошката штое можно повеќе,толку почесто да се менува,со што ќе се има увид во тоа колку крвари пациентот и да бе се развие некоја инфекција... Нека дополни и друга мајка скоро породена...
Јас се носев чорапи, долен веш, шампон, гел за туширање дури и спреј за коса најбитно полнач земи си, пелени за бебе можеш или па накнадно ќе ти донесат, тоалетна, влажни. Ако ми текне уште нешто ќе ти пишам