Девојки еве ме мене пак со едно прашање )) Зошто понекогаш ми се случува при пешачење нормално не долго пешачење ме заболува на едно исто место над папокот лево??? Значи само на едно место го осеќам како нешто затегнато кога ќе е!Претпоставувам дека е лигамент или од самата големина на стомакот ама сепак сакав да се консултирам.Прашав еден гинеколог ми кажа ништо страшно.Па кога ќе одам кај матичниот ќе го прашам и него.Поздрав девојки
Мислам дека веќе не се ослободени, сега како трудници сте ослободени додека трае топлотниот бран. Ја слушав министерката за труд и социјала на вести збореше денес, т..е кажа "бремените да се ослободат додека трае топлотниот бран".
Бремените се ослободени се додека не се прогласи крај на епидемија од СЗО, а тоа нема да биде во блиска иднина. Дополнително се сега плус ослободени поради топлото време
Зашто дополнително да ги ослободуваат ако се веќе ослободени? Проверете, но јас во аптека и во продавница видов трудници пред некоја недела на работа. Мислам дека нашиве сите мерки ги укинаа
Јас сум од старт ослободена заради мерките. Од сите продавници и маркети само мојата фирма има ослободено трудници. 90% не почитуваат ништо. Да прекинеа мерките одма ќе ме известеа така да мерките за корона сеуште важат.
Дома седам од Октомври, а сум во сериозна фирма каде што се почитуваат правила и закони. Со сигурност седењето дома на трудници во време на пандемија не е само предлог туку е и усвоен многу одамна
Не викам не, ме збуни министерката што кажа бремените се ослободени за врњме на топлиот бран. Што би ослободила нешто што е веќе ослободено. Можела да каже, "трудниците се секако ослободени од работа со пандемијата, како ризична категорија" ...
Да и јас ја слушнав така, а така и пишуваше дека ранливите категории се ослободуваат од работа. Мислам дека секако треба да не спомнат, без разлика што веќе работиме од дома
Мене ми се случуваше така, баш пишував тука. Траеше одреден период, баш исто при долго стоење или одење и исто на лева страна. Помина сега, конкретен одговор не добив зошто ми се случува. во
Мене кога ми се јави правничката од фирма ми рече трудниците се ослободени . Ама јас секако си отворив патолошка а и пд фирма ми понудија ако сакам да не се малтретирам со документи секако сум ослободена. И последно што излегоа со изјава пред Нова Година беше трудници се ослободени од раб се додека СЗО не прогласи крај на пандемија.
Каков топлотен бран, трудниците се со одредба од декември дома. И така ќе е додека не Мк, туку СЗО не прогласи крај на пандемијата (што верувам дека нема да биде скоро)
Да, во целосен износ... Како што читам, повеќе нервози ќе бидат со исплатата на породилно, никому не доаѓа на време...
Мерките за бремени жени сеуште важи, баш прееска читав, само не сите газди го почитуваат тоа. Си прават како им одговара, или ќе ти кажат отвори патолошка или отказ. Баш такви искуства читав во бременост и породување во корона.