Која недела си? Мене прво ми рекоа патолошка ќе си отвориш, зошто стварно имам тешка бременост, ама се консултирав со правничка, таа тврдеше дека законот ме штити, однесов потврда дека сум бремена, и престанаа да се бунат.. еве за три дена 9ти, така терам од 6та...
27ма недела сум. Ако отворам патолошка ќе мора породилно да отворам порано или можам да искомбинирам со одморот некако?
Државно си со раб? Јас сум приватен сектор ми понудија 50 % од плата дека ќе ме исплаќаат, затоа си останав на патолошка бар 70% ми исплаќаат.
Мислам дека да, бараат околу 45 дена пред термин, но еве нека кажат поискусните... Ти посакувам со леснотија да ти минат неделите и едно преслатко бебенце, па нема ни да помислуваш на хаосот на работа!
Приватна ординација, но се потфативме малку со "главната докторка" и попушти... Некогаш си викам ако не се запнеш, па и заканиш, ништо... во најголемиот ковид сама си купував маски, на времето кога 3 N95 беа по 800 ден,кој не ми кашлаше во фаца додека прегледував, и и реков ќе те тужам, ќе излезам во јавност дека не ми овозможила ништо, и попушти...
И јас сум приватен сектор но доста стабилна и озбилна компанија и ме исплаќаат 100% од плата. Нема врска државно, приватно се зависи од фирмата и газдата. Имам многу познанички што не се ослободени воопшто, знам и многу што се ослободени но не зимаат цела плата. Во нашава држава за жал така е
Породилно ќе треба да отвориш 45 дена пред термин. Е сега можеш да користиш и одмор така матичната ми рече. А правничката во фирма ми рече отвори го породилното а после пред да дојдеш на раб ќе си ги искористиш одморите од 20 и 21 год. ( не ми пропаѓале) а ми рече и дека можам и боледување да земам ако ми треба. Така да јас од вчера сум на породилно а термин ми е 6 Август
Да баш така, но баш не е фер некои дома да седиме, а некои да одат на работа ама и да се буниш кај нас е џабе, ќе ти се заканат со отказ а се надеваш на породолно колку толку некоја паричка плус...
За да те тргнат од платен список да не те исплаќаат и да те префрлат на фонд да те исплаќа... затоа ти се јавувале да те прашуваат дали си породена
Јас до сега неможам да се пожалам за патолошка точно на 18 во месец парите ми се на сметка. Сега дека 18 беше во недела на 16 имав пари... е сег дали ќе.биде исто и со породилното незнам
Cela vecer imav stvrdnuvanje na stomakot, sega pocna bolki vo polovinata, I menstrualni bolki... Me faka strav da ne ne gi prepoznam porodilnite.. Utre sum na kontrola I ctg...
Аууу денес 40+5 и мирно цтг. На моево бебче не му се искача на топлово во понеделник пак... Дај кажете финти за побрзо породување хахаха.
Јас вака прокрварев во 27 недела од прилика, причина непозната. Од тогаш малиот не сум го кренала. Малиот знае дека мама неможе да го носи во раце и само за раче си одиме и шетаме. Во хитни ситуации и со количката одиме. Дефинитивно оваа бременост мие многу потешка отколку првата.