Би требало да се повлечат... може да се кристалчиња, може да се јават и од анемија, различно... но кај млади се безопасни... Мене ми се прават, но се мислам дека ми е од анемијата...
И мм ми викаше дека се од анемијата ама еве сега ја поправив крвната слика све ми е во нормала а они останаа...
Да тоа секако не ми бега, јас сум си со диоптер кој ми се чини ми порасна во бременоста... Еднаш бев на очно ама тогаш уште ги немав точкиве па не прашав, ама докторот рече додека си трудна и доиш нема менување диоптер, хормони се во прашање и може да варира цело време и не ми го промени... Ама секако за точкиве ќе отидам.
Имало случаеви кога не делува, еве јас имав цимерка 3 дена и ставаа провокација не сеотвори ич и ја земаа царски. Јас со провокација се породив, природно. Кај мене делуваше. Секој организам е различен.
Од почетокот на бременоста па до сега цело време имам воденикав исцедок. До сега на сите контроли беше во ред. Последниот пат кога разговарав со гинекологот рече како ќе минува времето така исцедокот ќе се зголемува. Последниве денови како да имам повеќе на горнио дел од гаќите и нормално паника за плодова вода. Мислам дека можеби по малку урина се слива неосетно затоа што и на моменти осеќам притисок. Дали некој друг имал сличен проблем? Инаку сум 23 недела.
Девојки 4 месец сум и скоро секој ден имам гадење и повраќање , дали ќе престане ова некогаш или до крај ќе терам?
Се додека е безбојно и нема мирис мислам дека е нормално имам и јас на моменти 24+ сум а сега може и повеќе да е и пот, бидејќи е жешко, ако ти е мисла појди на преглед
Јас имам и ми се зголемува еве до сам крај. Но, секако оди си на контроли ако треба и почесто, зошто кај секоја жена е различно. И ова да, само повеќе према трето. Имав чисти брисеви. Брисеви дали имаш проверувано? Ако не, да си провериш обавезно.
Живеам во Германија и немам можност многу често да одам. Овде ми закажуваат на 4 недели. Ама и миле паника сум, спокојството од преглед ме држи максимум 24 часа. Еве сега во петок имам повторно преглед па се надевам ќе биде се во ред. Инаку болки немам, бебе си мрда, друго е ок само тоа што често ми се влажнат гаќите ме излудува. Фала на одговорите .
И јас сум во Германија на преглед одам на 2 недели, еден преглед ми е од АОК едниот го плаќам и мирна глава
Имали некоја идна мамичка бидна ми треба хелп.. Скоро 2 часа сум будна со страшна болка во главата, проблемот е што немам дома парацетамол и ме интересира дали може да се напијам бедоксин 20 мг.
Колку го плаќаш приватниот преглед? Јас се напивам понекогаш бедоксин. Нема штета , тоа е само витамин.
Ако болката е неиздржлива и силна, нема потреба да се мачиш и ти, а со тоа го мачиш и бебето. Написе аналгин. Од еден аналгин ништо неможеш да наштетиш. Колку повеќе се стегате толку повеќе се плашите. А мора да се грижиме и за психичкото здравје, и нашето и на бебето. А верувај од самиот стрес и нервоза шо нормално ја имаш поради болката, бебулето осеќа. Написе аналгетик, опуштисе и смирисе
Фала на одговорот малку сум подобро, проблемот е во тоа што и притисокот ми е бил 160/100 многу висок..термин имам за наредната недела но утре сум кај гинекологот,би требало нешто да ми даде