Прв пат слушам за ова, но ми падна во очи терапијата. Да си побараш и второ мислење? Сумамед е многу јак антибиотик и се препишува обично една доза и се пие три дена па после контрола ако има потреба уште една доза во нормални услови. Тебе ти рекле да земаш 7 дена што е две + дози плус бремена. Може и да сум јас грешка лекар не сум, но при ваква состојба јас лично би побарала и второ мислење.
7 дена по 2 сумамед на ден? Тоа се 14 таблети, т.е 5 кутивчиња, пет дози. Те молам да препрашаш убаво за терапијава, или да се консултираш со уште некој друг доктор. Ова е преголема доза сумамед. За ниедна дијагноза не сум слушнал да се дава волку јака терапија со атб
така ми има пишано и ми кажа 1гр/7 dena. ( по две од 500мг на ден или сабајле/навечер 7 дена да ги пијам) Не било страшно ама не и се допаѓало тоа што го видела и добро што сум дошла ми вика. Неможам да најдам ни да прочитам на интернет за ова. Ќе се консултирам ви благодарам.
Вие што лежите со перница под колкови, нозете ви висат или може да се свиткаат? На главата нема перница? за да бидете навалени надоле, тоа е поентата така?
Ти препиша сумамед, или усно ти кажа? Да не ти е рекла еритромицин 2*500 мг? Тој се пие така, 7 дена.
Сега те прочитав дека др.Петрова од Ремедика ти ги препишала. Не сум била кај оваа докторка но знам дека е една од подобрите во Мк. Си ја знае она работата, слушај си ја и земај ја терапијата која ти ја препишала. Јак не-јак антибиотик , тоа е. Све за бепка. Веројатно ти кажала и пробиотик да си земеш.
Не ја прашав на бебето дали антибиотиков може да смета. Не ми спомна за пробиотик ама мора со нив. Успеав да закажам и кај Димчев ќе почекам до следна недела и он да ме види. А докторката каде што одам не ми го виде тоа баш ме изнервира.
Како 3 дена се намачи, со пукнат водењак мора во рок од 24 часа да се породи колку што знам јас. И јас бев со пукнат водењак, и се породив со провокации зошто не се отворав.
Со жешкото се справувам некако со клима но каква нервоза ме тепа последниве 2 недели тоа е страшно дури се загриживам и на моменти си плачам. На работа не одам цело време сум дома и само пери,готви,чисти и се несредено. Ноќе не можам да спијам тешко мие да се свртам,цела сум укочена и само мочам. Се изнапишав малку да ми олесни Sorry
Исто и јас. Со жешково некако искачам на крај со клима. Од дома работам... ама со спиењево. Еве денес станав во 5 сабајле и сега сум цел ден гроги. Се осеќам како да спијам во веце, а не во спална... хахаха
Јас со клима спијам, 10 до 11 саати, зависи. За првото спиев 12 до 14 часа, ама сега имам 2 годишно..