женче ај докажи ми дека не тррба да се нервирам кога по природа сум најголема паничарка.Од кога сум бремена се стресувам за најмала болка. И некни седев кај роднини баш до Санте живеат абе не е исто како дома кога си мислам поубаво ќе ми е ако ме фатат болки или пукне водењак од дома да си тргнам отколку таму да седам.Многу е топло, а и неможам да се опуштам никако таму ако седам, еве сега во петок се мислам дали да одам пак, да си чекам до недела термин па да одам во понеделник... Болки имам некои ама не е тоа тоа, осеќам дека не се вистински. Инаку некни кога ме прегледа Др.Синан и бидејќи е турчин разговарав со него на Англиски јазик, рече не си уште спремна за да те хоспитализираме, немаш уште ништо, бебе си е супер внатре, ти само 1 цм отворена не е време.Ме праша дали живеам блиску или далеку од болницата, му кажав 1 ипол саат до таму, се насмеа кога слушна и ми рече "ооо па тоа НЕ ти е далеку уживај " и така денес решив да се разработам, една генералка да направам па ќе видемe до каде ќе стасаме
Иначе женички дали е можно чепот дури сега да ми падне, а кога ме прегледуваа ми рекоа 1 цм отворена. Значи синоќе пред да си легнам да спијам, осетив нешто чудно доле знаев дека не исцедокот што шо имав цела бррменост, значи по состав беше густо, бело-бледожолто се тегнеше кога го допрев да го извадам како конци, во парчиња го извадив од доле ама не беше со крв, туку бело и како белка од јајце.Се питам дали е можно да ми паднал дури сега чепот а кпга ми правеа вагинален преглед да ми кажат дека сум 1 цм отворена.Нели треба прво чепот да падне па да се отворам???
Може да е, а може и да не е Да беше со сукрвица ќе ти потврдев 100% дека е тоа, но во бременост на крај се лачи толку многу секрет што неможеш да препознаеш дали е тоа освен ако е со крв. Јас втората бременост не видов чеп до крај воопшто.
Веќе не е интересно... отечена сум, претопло ми е , ушите ме болат од климата... и менструални, баш чести и така...мала забава... До каде си ти?
Може да е и сигурно ти е тоа. И кај мене беше без капка крв првиот пат. И јас сум 1 см и не ми е паднат чепот. Радувај се ако е чепот
И кај мене исто чепот беше без крв @Andrejaaaaaa Кога си на цтг ајде може си се отворила повеќе од 1 прст
Со лесно! Кажи ни како ќе биде... Ти речеи претходно имаше на цтг контракации, нели? Моево мирно беше, права линија... а болки имам... следно, наредна недела...
33+ сум. А уште не сум одлучена кај ќе се пораѓам . Мислам дека и од тоа не можам да спијам. Некни цтг ми направија (околу 15-20 мин.дали лежев) дека имам многу чести стврднувања, 5-6 во саат, поодамна ги имам де. Ми рекоа ок е, лажни контракции се. Така ли е? Како неверни Тома сум.
Да, во ред си е... убава рамномерма акција на срценцето, контракции нема,,освен тие двата врва, да си верни Тома Мене ми е чудно што деновиве сум баш смирена, не мислам на царскиот, ама око не можам да склопам... за два дена 37... Јас на гак ќе правам циркузи
И јас од денеска почнувам да пијам тардиферон и го зедов од Грција, 30 таблети се околу 200 ден. Е сега можиш и по таксистиве што одат за Грција да му порачаш ќе ти донесат. Јас со првото ги пиев од порано уште од 6ти месец некаде ама железото ми беше паднато на 6 и одма ми се поправи а сега сум 36та недела и сега железото ми е 18 а хемоглобинот 110 па сега од денес пак ќе ги почнам
И јас ве sиркав, во слики од бебиња, срце е, пораснал, па какво лиценце љубопитно има Рачиња со гумички Да дојде само докторката во Ск, и како петарди ќе ги пукам утрогестаните
Моето ЦТГ од 28 јуни.Кога ги видов контракциите како ги исцртува мислев готово е а јас осекав минимално болки
Лелее земи ме за друшка, бетер ќе сум. Се јави не/верниот Тома: а тие двата врва што се, дали е тоа кога ми мрдаше ќере или кога ми се стврдна и испапчи стомакот и се направи Крстовар.
Ајде мама уште малце остана.Батково и термин можи да надмини убаво му е кај мамичка.Лежењето се исплатеше кога ќе се роди нема застанување хаха Гушки мама па те чекаме да се пофалиш
@KittyCat:) ме фати мајата од што ме назначи на термини Фала ти, само да е добро се.... @brm_brm, јас имав еден таков врв, докторката ми рече дека не е ништо, најверојатно е удар од бебето...а си имав болки, и такви грутки од стврднувања...