Дали некој се соочил со поголемо опаѓање на косата. Не сум сигурна дали е пост ковид или како резултат на бременоста. Ако има некој решение ве молам споделете
Епа женички мои, мојот чеп испадна скроз целиот со конци низ него, со сите тие карактеристики што ги пишува.Сега останува да чекам болки, најверојатно ќе си дојде на термин бебушко.Во понеделник ќе одам на преглед ако не добијам болки до тогаш
Мене ми падна вечерта кај 11 вторник, наредната вечер имав закажано цтг и ме примија, се породив ноќта во 4:40. Со лесно и за брзо да се гушкате.
Еее конечно се олесни мами. Честитки! Да сте живи и здрави! Уживајте сега и гушкајте се, па те чекаме во породилни
Мајки дали некоја од вас пие магнезиум од 375мг , неможам да најдам никаде во капсули .. Да не знаете каде може да купам од 375мг во капсули ?
На приватно трудници се ослободени од плаќање-барем во мојот град е така па мислам и секаде е кога испитував беше 800денари ама дека бремена ништо не платив