Изгледа приватно ќе си платам. Матичната моја тврди дека неможе државно и мора приватно да си платам.
Во Жан Митрев е 800 или 1000 ден, не памтам точно, сега гледам на нивната веб страна има некој попуст ако си закажеш термин онлајн.
Ич не ми текна за општата, фала ти. Сега ќе се симнам и ќе видам. Матичниве веќе незнам за што се, се они упати не смееле да даваат. За скриен шеќер од општ, за транфузиологија за кај доктор од општ.
Јас во 7 недела бев позитивна ковид тоа беше ноември а во декември косата мислам дека цела ми падна и тоа беше пост ковид,траеше околу еден месец после ми се згусна од бременоста и ми беше мн убава. не е страшно ќе помине,што и да правиш нема да помогне
Честиткии жива здрава и од бога благословена да е Мислам дека ја видов ако е тоа твоето девојче на инстаграм стори.. Во плодност се породи ?
Па сега ако качиле. Јас пред неколку месеци платив 800 Да се редактирам сега видов дека си пишала и ти пред 2 месеца. Незнам зашто тогаш така и јас пред толку одприлика..
Здр девојки , едно прашање во врска со столицата ….првите 3 мес имав капс и мн тешко излагав.Последниве 2 нед т.е од кога влегов 4-ти мес почнав да си дежурам во вц Нормално е ова ?
А кај шо одиш на трансфузиолог ако ти важи уште упатот да ти даде он за крвна група?!. Немаш ливче од претходна бременост? Јас имам од пред 6 години на ливче е со печат од трансфузиологија, ваљда ок е?!
Здраво девојки. Имам прашање во врска со исцедокот. Завчера ми се случи после туширање додека да се облечам по нозе да ми капе како бел исцедок и после малку како млазче истече. Ми се виде количински повеќе и ме исплаши. Цело време сум мокра и само менувам гаќи, секојдневни улошки користам многу ретко. Некогаш исцедокот знае да е погуст, ама во последно време ко водичка е само. Дали е нормално ова? Инаку 15та недела сум. Фала однапред за вашите одговори
Јас во 8 недела бев позитивна. Се надевам и кај мене ќе се подобри косата. Фала. И јас сум често мокра и не престана тоа прашање да ме мачи. Иако на секоја контрола докторот го прашувам и тој ме уверува дека се е во ред. Еве и денес бев и денес повторно прашував. Многу ретко е погуст кај мене ... па сега плус од топлото и потење во тој предел а богами има и подмочнување неконтролирано по малку.
Железото ми е малку паднато, некој совет што да се земе, и тест за оггт од кај земате упат од општ ако некоја знае да каже
Јас тоа ливче го покажав, од 2015 од трансфузиологија, и нормално се важеше. Така да ок ти е. @monik55 во Авицена прашај, работат со упати. Ама ако најдеш по дома старо ливче (возачка, лекарско) ќе се признае