Девојки дали во 22 недела нормални се болки доле во стомакот и јајниците? Денес цел ден го лежам а во среда имам скрининг кај Димчев. Навечер пијам фемибион 2 и магнезиум кесичка. Матичната ми е Ск а мажена сум Гв. Ако има трудници од Гв нека ми пишат лп. Благодарам
Здраво мамички. Мене ми закажаа царски на 13 приемно па на 14 ти да се породам. Ќе биде присутен и доктор Криовски какви искуства имате со тој доктор? Од паника не знам дали сакам да знам некое лошо искуство ама ме интересира Баш ме фати возбуда некоја и голем страв
А на пораѓај мора да носиш документ со крвна група? Мене ливчето ми остана во картонот кај матичните, да си го побарам ли? Не ли може да поминам само со мајчината книшка (и во неа ја пишува крвната група)?
Јас пијам моментално сидерал форте.тоа е за железо. Всушнст мене хемоглобинот ми е паднат. Се водев по крната слика од синлаб. А на крвната слика од трансфузиологија ми беше ок 125. После испиени 30 капсули хемоглобинот на трансфузиологија ми е 139. Што би требало да го качи и железото, бидејќи капсулите се всушност некоја чиста форма на железо со витамин ц што лесно се апсорбира и се пие било кога во денот. Е сега малку идат поскапички околу 1000 денари се 20 капсули. Но ако за месец и пол со 2 кутии се среди крвната слика тогаш вреди. Следна недела ќе испитам во синлаб комплет со железо па ќе видам како е. Мене ми беше 19 железото, а хемоглобинот 106 во синлаб. Затоа ги пијам. Плус си направив семе од коприва со мед и тоа го јадам насабајле по 1 лажица. Огг тест, упат од матичен. Јас правев во јане сандански, а можеш и синлаб кисела вода и авицена.
Фала ти на одговорот, железото на 10 ми е паднато, хрмоглобинот11. 8 по вредности од син лаб. Ќе морам да пијам нешто 23 недела сум, е некаде во 12 недела ми беше 25,па почна да паѓа што значи морам да го средам.... Од 24 до 28 недела тест за оггт така?
Мојата општа, врска немаат што да ти кажам, важно да завршам работа. Више да ти кажам уште ова остана чинам, за трансфузиолог се обезбеди со термини ќе здивнам малку.
Цело време сум мокра и сега е бетер на топлото. Значи нема шанси да облечам нешто во боја, лом сум. Плус цело време имам печење што ме страшно иритира Еве сега имав малце како зелен исцедок, значи пред 1 недела правев пак микробиолошки и се чисти, уринокултура исто чиста. Ако знам до што е ете.
До вечер ќе одам кај општата, имаше гужва сабајле. Бев кај матичната гинекологот вика нема термини. И тоа за нигде кај што ми треба. Ливчето од првиот пораѓај мие задржан на клиника. Битно со брисеви завршив, да не ја мислам, минатиот пат дека порано се породив не стигнав, и ме клукаа со антибиотици и неможев цела недела малото да го дојам.
Да се пријавам. Бев на преглед 16+0, бебе одговара за 16+3. Се е во најдобар ред, бебе активно, му измерија срцеви отчукувања, протоци, плацента супер, плодова вода доволно, му ги избројавме прстињата aaaaand it's a girl!!! Епа не можеме да се изнарадуваме со маж ми. Си остави мала резерва докторот, демек ова е ехо не ти гарантирам 100% ќе утврдиме повторно нареден пат. Ама 99% беше сигурен дека е девојче
Кандида така пече. Не мора да имаш никакви други симптоми, само така си пече. Прашај го гинекологот дали е направена анализа на брисевите за квасници, се измачи со тоа печењето.
Дали може во бременост да се пијат некои апчиња против болка? Цел ден имам главоболка и болка во желудникот. Ај си велев издржи ке помине ама никако не поминува. Инаку 14+3 сум. Па и мачнините си се присутни цело време
Мислам дека и од таму можат да ти дадат упат, прашај. Мајка ми имаше интервенција таму, па од таму и дадоа упат за крвна група.