Браво мајка, живи и здрави и најсреќни , толку се грижеше за патот дали ќе стигнеш, еве си бидна уживајте си сега
Еее ова се чекаше мајка! Живо и здраво да е, ти најсреќна и најгорда!! Машала машала скоро 4 кила Те чекаме во породилни, брзо ми изгледа дека се поминало. Битно на автопат не се породи Ајде гушкајте се
Честито мами! Се олесни ете. Машала голем батко! Да е жив и здрав и цел живот да ве радува! Брзо да се опоравиш и те чекаме во породилни
Здр девојки . Сакав да ве прашам кога се прочистувавте од кринонт гелот што боја имаше ? На почеток кај мене беше жолт , но од пред 15 ден како имав кафен исцедок кринон гелот ми има чудна боја , темна , претпоставувсм тоа е така од исцедокот што го имав па сега додека се исчистам така ке биде, но реков да прашам и тука за секој случај ( денес секако ке одам и до кај матичната )
Мами, ај сега да ве прашам, пред да се породите, како започнаа болките? Не знам дали ќе ги разликувам зошто цела бременост сум со болки... веднаш се на интервали? Силни? Кога би требало да одам во болница? Update: 37+1, тој одговара на 38+4 , добив ехо, (има образи) и преглед со рака, грло меко, 2.5 цм и чекаме....
Првиот пат ми пукна водењакот, а болки почнаа по 3 саати, слаби и стануваа сé појаки и почести. Вториот пат цел ден претходно осеќав тапа болка во половината, следниот ден на преглед веќе сум била 5 прста отворена. Тој ден цел ден ништо, дури вечерта добив силни контракции и се породив за кратко. Очигледно дека е различно, ама во главно не се одма силни и сигурно е дека нема да ги промашиш, не се секирај.
Па, да. Прво се неправилни, не толку силни, ама кога ќе почне раѓањето стануваат поинтензивни и почести. Ајде, да поминеш брзо и лесно!
Лелеее дојде време . Како вчера да броевме побрзо да минат неделите, а сега се плашам како брзо проаѓаат. А јас што во живот не сум имала менструални болки, како да знам