Јас немав силни болки, на почеток беа на 15мин, 10мин, па на 3 -4мин, и траеа околу 30секунди. Но дека беа на точни интервали знаев дека тоа е тоа. А јаки болки ми почнаа 30мин пред пораѓај Само што се пресоблеков за да одам во сала. А цел овај процес траеше неполни 3 саати.
@brm_brm, денес конечно ми дозволи да се движам по малку, ама кондиција нула, доjдов и си легнав @Naatashka123, ти си special! На 9 прста отиде девојкоо може само да ти блазесуваме
@Natashka1988 мила јас се возбудив за вас Господ да ве чува и двајцата и леснина да ти дава. Сѐ најубаво ќе испадне. ❤️ Само ме збуни.. не бевте за царски договорени или јас сум грешка?
Дај Боже, сите да не чува.. Сум, со рамото е на цервикс и постелката е старо купујем само што ми рече ќе ме работи кога ќе добијам болки, скроз значи до крај да го истераме, не сакаше да ми закаже царсли пред време, ми вика тој кога ќе реши, тогаш го вадиме....
@IRBBB не знам дали ќе знам да се послужам, сум заборавила @Naatashka123, ќе помине, не знам многу за тоа, но ако нема мирис, гној, нема инфекција...
Види со огледалце, не се плаши, знаци на воспаление и инфекција се ако е жешко, топло местото, ако има гнојав исцедок, лош мирис, црвенило околу... можеби само бавно ти зараснува... а и да е инфекција, најтешкото помина, со антибиотик одма ќе се среди...
Мене со ќеркичката ми се отвори раната скроз како да небев шиена. И отидов кај матичната после недела дена од пораѓај. И и реков што сака нека биде ја неодам пак на шиење и она ми вика не се секирај зар порано ги шиеле повеќе туширање и земи бивацин спреј од аптека и прскај 3 пати на ден. Раната ми зарасна за два дена. А во болница ти викаат ништо да неставаш и затоа после проблеми имаме со раните.
Незнаев кај да го поставам прашањето па ајде овде повеќе сте Кумата ми е трудна би сакала некој поклон да и земам Дали имате некој предлози?
И јас така се тешам дека најтешкото помина, сега што и да е ќе се среди, можеби јас мислев побрзо дека ќе помини затоа се испаничив А и јас не одам повторно на шиење...немам сили за тоа веќе, или скроз нека ме успијат Ќе видам и јас што ќе кажи матичнава...
@Natashka1988 ќе знаеш, ќе знаеш @Krofna* перница за трудници, јас добив една рамка во форма на трудница со место за сликче од ехо во "мешето", дневник за трудници или како и да му е правилното име, го има во еурофарм, радосница.
Женски, дали некој чувствува удари од бебенцата скроз доле кај бешиката? Кога ќе удрат(две се) се паничам бидејќи баш ниско го осеќам ударот
Да, мене ми се случува. И ако не отидам во тоалет одма мислам ќе направам беља. Пониско ми е плодот и постојано имам удари доле.
Јас мислам дека постојано ме мава во бешиката, често ми се случува кога е активна да осетам удар некаде внатре и притоа болката да ми се прошири низ претпоставувам мочните канали за на крај да заврши на самиот излез од мочниот канал каде што најмногу ме заштипува. Особено кога лежам на грб, што сега е ептен ретко, ако се заборавам и легнам, бебуш ќе ме потсети со удар.