Здраво, цел ден имам тахикардија. Пулсот ми е 99-100 иако мирувам. Имала некоја ваков проблем? Што смеам да се напијам? Многу е 100 пулсот во бременост?
И мојот е 100ка. Ми рекоа нормално било во бременост. Пијам б6, не дека нешто помага, ама даден ми е од старт на бременоста
Така се вика само терминот на мој термин веројатно. Термин да зафатиш како за доплер а ќе биде всушност скрининг.
Ај едно глупаво прашање тие што не кажуваат дека се бремени до кога обично? До прв скрининг? Или до 14 недела не се кажува?
Два пати дневно. Ама не очекувај дека од него ќе ти се намали пулсот. А и не се стресирај непотребно. 100ка пулс стварно не е страшен
Јас на сестра ми веднаш и кажав, а на родителите почекав до првиот скрининг да ми кажат дали е се ок дека имам 36 години и прва бременост па ми беше страв. 12-13 недела.
Секако дека најважно е срцето да чука, ама ова е показател за протоците, т.е циркулацијата на крвта кај бебето, матката и плацентата што е од круцијално значење за правилен раст и развој на бебе
Ништо не е 90-100 во бременост.. мене ми оди до 125-130/мин, и тоа од некоја 28-30, недела. Ти која си? Консултирај се со лекар, мене ми дадоа Верапамил по потреба...