Покрај срцето најбитно е и протоците да ти се мерат на секој преглед, особено кај жени со историја како твојата.
Здраво, дали некој патувал со авион во тек на 13 та недела? Јас сум 10та недела, за 10 дена сум на преглед, секако зависи од тоа, но ме интересира дали некој имал искуство? Читав на интернет и пишува препорачливо е после 14та недела.. А сестра ми прави свадба, не би сакала да пропуштам..
Имам пријателка која во рана бременост (6 недела )се возеше од Македонија до Германија со автомобил, тоа се најмалку 20 часа пат. После 3 недели пак патуваше до Германија и назад со авион. Ако е се во ред не би требало да е проблем, ама консултирај се со лекар најдобро, сепак секој си е приказна за себе
Навистина не те разбрав. Ради малигната неоплазма или ради годините што ги имам треба посебно да се обрне внимание на протоците? Му се јавив сега на докторот Рече нормално дека ги гледал и протоците и све било во ред.
Преку протоците се гледа дали бебето се снабдува со кислород и храна.Не е потребно историја за ова да се следи.Твојот доктор најдобро знае што треба да следи кај тебе, ти само уживај си во срцето и не се замарај со ништо.Колку помалку знаеш помалку ќе паничиш и поубава бременост ќе имаш.Најбитно е докторот по секој преглед да ти каже се е во ред.
Женски имам едно прашање можеби е глупаво ама не стигнав да ја прашам докторката на брзина на крај ја викнаа и хитно за пороѓај. Според менструација сум 12 +6 а според ултрасаунд 14+1. Што значи ова ако може да ми објасните подетално. Ви благодарам
Тоа значи дека мерките на плодот ( главче, стомаче и бутна коска) одговараат на развиеност на 14+1 иако според апликација си 12+6 (гестациски недели/колку време си трудна). Нема простор за грижи, обично мерките се толерираат до две недели да се плус или минус, и на секое наредно ехо може да варираат и да не соодвествуваат со неделите на апликацијата. Пример јас сум 19+6 а мерките одговараат на 20+2, или пак со првото дете мерките од ехо цела бременост ја покажуваа една недела поназад од апликацијата односно од таа недела во која бев.
Па на почетокот бебето како такихардично да било па после се смирило а контракции имаш ама не се вистински
Докторот виде ама дека праевме муабет за пораѓајот што како и не спомна ништо, а јас заборавив да прашам.
До 12 недела се пијат кажано од ендокринолог Бранкица Крстевска само да се прекине постепено со намалување дози а не нагло,која доза ја пиевте? Јас сум 5 нед. Моментално резултатот ми е 7 на реф.вредност 5-35 , колку имавте во рана бременост?
Jas se osekav isto na pocetokot na bremenosta ,mi se plaka a nemam solzi,tezina osekav na dusa a ne znam od sto.Hormonite se vo prasanje bez gajle, ke ti pomini za kratko
Пијам 1/2 сабајле и навечер од трансфер наваму, сега сум 14та недела, резултат прошли месец ми беше 22 и док ми рече сепак ендокринолог да те види и да каже, овде читам до 12та недела и ретко која до крај на бременоста.
Денес ми стигнаа резултатите од крвна слика Хемоглобинот кај матичната 12,9 (вика лошо било) кај гинекологот 13,7 а во ист ден ми земаа крв но според мене е во ред... ама железото 11, а беше 13 и плус во меѓувреме земав терапија и плус инфузии за железто, што може да предизвика ниско железо во бременоста? Што да превземам? Инаку 34+1денес