Не се препорачува за трудници базени и езеро заради инфекции, само море може. Ова доктор ми има кажано сепак твој избор.
Јас се капам со дозвола од матичната, ја прашав (инаку од Охрид сум и цел живот сум во вода) ми кажа дека слободно можам, сега веројатно и од матичен до матичен не знам што да кажам. Секако мора да се внимава не да се заборавиш во вода или кога е гнасно да влезеш во вода. И да имам и од други слушнато дека матичните не им препорачуваат капење во езеро еве мојава ми дозволи.
И мене мојата ми дозволи…и јас сум од Охрид…ќе спобудалев лани цело лето ако не се капев…скоро секој ден бев на плажа, се отепав од пливање и сега си имам 6 месечно бебе…ама сепак секој одлучува за себе
Мамички ми треба совет. Вчера ми беше терминот, но на госпоѓицата некако не и се искача. Сабајле на цтг покажа една убава контракција и докторот ме прегледа вагинално и нешто кажа сантим од прст, што значи ваљда не сум отворена. Прееска пак бев на цтг и немаше ништо ни болка ни контракција. Ми кажа вечер и утре да мерам движења на бебето на два саати и во недела да одам на уште едно цтг. И рече дека ќе чекаме максимум една недела после термин, ако не искочи до тогаш дека ќе ме праќа во болница. Ако не искочи и ме прати во болница како ќе биде тоа, со провокации или царски? Почнав малку и да паничам. Има некој начин да убрзаме да искочи?
Дали на некоја и се случило да мокри помали колични на урина, пијам околу 1.5 до 1.8л течности но овие 2 дена мокрам помалку во однос на количината. Има ли место за загриженост. Претходно имав е.коли во урина а си мокрев нормално. И осеќам како притисок на долен дел на стомак. Незнам се шири ли матка има ли пак некоја бактерија. Пијам брусница и плус брусница капсули.
Женски, дали ви се случува бебенцето да ви е толку незгодно наместено, да не можете воздух да земете, ниту пак да се свртите и лежите на таа страна? Уф осеќам дека кај реброто ми е некое бебенце и не се помрднува цел ден. Не можам да одам и да лежам на таа страна
Даааа, дури стомакот да ми е болен на допир на таа страна... ама стани, едно кругче, водичка, ќе се премести..која недела си?
Хелоу Масаситас.. Дали некоја знае да ми каже во 9ти месец се влегува со полна 35та недела или полна 36та недела Јас сум 35+6 денес сабота уште колку дена сум во 9ти
Дали можеби некој знае дали за приемно, ден пред царски, треба да се оди во болница гладен? Дали проверуваат крв или нешто друго кај што треба да бидеш гладен
Добро сопствен базен е друга работа и јас се бањам во нашиот базен ама освен мене маж ми и ќерка ми никој невлегува.