Најубаво таму. Викаат порачаното секогаш го носеле фелер. Одете директно таму. Мене уште ми е рано 6ти ќе го завршувам кај и да е, ама за зимање ќе одам до таму
Од утре 33та недела, не знам како ќе се издржува до крај ако секој ден е како денеска. Ако стојам/одам или седнам, доле ниското осеќам притисок, како да бутка со главчето. Ако легнам, нема шо не ме боли. Грб, желудник, цел стомак, крш. Па и нагони за повраќање. Никако не ја бива работата. Ви се чудам како стигнувате до 40та недела, до тогаш мислам без нерви ќе останам од шо ништо не ми се погодува.
Ич да не се чудиш, ке видиш како ќе дојде 38ма.. јас менталнo сум во 27ма, ама еве.. овој е многу смешен, зошто го осеќам со главата во левиот препон... баш попречно како на ехото, и бутка, се труди, ама во препонот и ми ја здрвува ногата
Дека е топло, затоа така. Инаку јас сакав и година да ме фати со двете бремености, едноставно уживав, најубав период во живот. После 40та ги родив… Ќе поминат брзо, уживај само, со 4 увис.
Искрено, закржлавена сум скроз... пулсот ми оди над 140 кога се движам..вчера прв пат во waikiki после 7 месеца... и толку ми се слоши што подремав на табуретката и си отидовме дома со мм... Зависам од овие од гак што ќе кажат, и од болките.. спонтано не може да е, попречно е ликот поставен, па ќе видиме... Вие како сте? Напорно е многу?
Леле душа, те осакатил. Ајде при крај си ти, ќе се олесниш кај и да е. Силна си ти чим лежечки како права царица ја истурка скоро цела бременост, треба многу нерви за тоа. Лелел алал да ти е. Многу ќе му дојде цели 40 недели. Уште од сега ми тежи како што сум малечка, не па до толку да терам, ќе треба во градежна количка да ме буткат.
На толку лежење разбирливо ама ќе се вратиш у шема со бебуш. Ние супер сме, растеме, во среда 40 дена праиме. А за напорно е ама не многу. Зависи додуша од бебето највеќе, јас имам среќа мојава мирна е и си спие претежно, навечер исто само за цицање станува. Ама тоа е и најнапорното, некогаш у најслаткиот сон коа ќе се разбуди ама ќе се навикнеш уживај уште малце, поспиј си
Девојки да споделам си вас. Станав мајка на прекрасна ќерка здрава жива, се породив царски вчера, најубавото чуство на цел свет... Пресреќна сум
Значи ние сме исто недели и јас сум 27+5 дена,немам мака до сега освен болки во половината, но вервај одвај чекам да се роди иако знам дека после ќе ми недостига периодот на бременоста.