И во 36та ли се примаат тие за зреење? Зар не се веќе тогаш зреени белите дробови за самостојно да функционираат?
Јас на приватно примав 2дози, 33недела бев. Мислам дека 4000ден беше една инекција. После бев на строго лежење, се породив во 39+3г.н.
Зависи до бебето. Моето на пример каснеше 2 недели во развој. Јас бев 38ма недела, а бебето тогаш беше 36та недела.
Два пати ги примав, еднаш во 29та недела, еднаш во 32ра. Сеуште не сум породена 34+3 сум. Кај мене движењето двата пати повеќе од недела дена беше намалено да не речам немаше движење ама се беше во ред. За цената јас ги примив во систина, околу 1500 се (2×750 на 24 часа.)
Кај мене би се примале после 28ма. И онака сум строго лежење јас уштте сега.. а во која болница тоа? Машала супер сте истерале
ајде имате уште време да издржите Епа и јас наредна контрола ќе видиме што и како ќе бидам 28 тогаш исто во систина, фактички 2 примаш во 29 т.е 2×750 примаш и во 29та и во 32? Извини не те сфатив добро
Примив во 29та недела две дози дека шансите беа големи да се породам. Па лежев нон стоп (само до тоалет и назад). Дојде 32ра недела примив уште 2 дози. Целта беше да покријат до 34та недела. После 34та не се примаат веќе овие инекции. И еве уште си лежам Инаку за цената една инекција е 750 а ќе примиш две во рок од 24 часа.1500. До душа на сметката пишува инекцијата е 250 а 500 ден кошта ставањето.... Тебе кој те води во систина?
Е сега те разбрав фала многу Лежи си и трај си одмори се уште некоја недела Јас правев серклаж пред 10тина дена кај Дракулевски и таму си сум сеа.. ти?
Оо немаш гајле чим си со серклаж, за мене беше касно да ми стават во 29+5 ќе отидеше јабана се. Инаку кај Димчев сум.
Дај боже да истуркаме во 25та правев јас серклаж пак покасно ама еве добро сме засега. Ќути само стресови ама се да поминр во најдобар ред. Ајде кај тебе уште малку е поситно броиш фала на одговорот сепак мислев дека се многу повеќе, ќе видиме здравје наредно, сигурно се добри инекции нема штета во иднина од нив во мисла ми е.
Ќе биде. Колку девојки цели бремености од прв ден ги лежат, секоја чест! За штета од инекциите ич да не се секираш. Инаку Димчев ми спомна дали има кој дома да ми ја стави инекцијата за да не станувам од кревет за втората доза. Прашај, ако има кој да ти ги стаи мислам ќе си платиш само 250 ден од доза....
Даа има, капа им симнувам немам збор, борба е ова борба за чедо. Па да имам кој да ми стави ако е веќе таква работата, а кај ги ставаат во кој дел? Мене ми е терет не сум од Ск а морам да патувам затоа би било добро да може и така некој дома.
@dipsidipsidipsi , @Silvii , ќе издржите! Кога јас издржав 22 полни недели до еден тоалет, а паметот сеуште ме служи, ќе издржите! Не верував овде на поискусните кога ми кажуваа дека на крај нема да сака да излезе, еве го 38 и кусур, абер нема.. Ќе биде во ред, ќе видите! Само следете препораки и нема друго... Доживување ми беше тушот... од страв броев во себе до 10, па пак до 10, да не се заборавам, но се издржува...како паѓа стомакот надолу, така и товарот... Ви ја посакувам целата среќа на светот!
Мене у газ ми ги ставија Не сум упатена дали може во друг мускул. Мене немаше кој да ми стави, никој незнае па отидов а и блиску ми е систина. Го прашав матичниот да ми дојде у домашна посета да ми ја стави, не се нафати поради типот на инекција (не знам зошто) За тебе мислам особено е добра опција некој дома да ти стаи да не се акаш по патиштава наши никакви да се дрнкаш. Јави се прашај си убаво ама чим ми предложи Димчев значи дефинитивно постои ко опција.