Јас дека сум во Германија и дека овде читам и споредувам со вас цела сум збунета. Комплетно различен пристап. Мене ми рекоа дека ќе ми прават цтг на следниот термин, тогаш ќе сум 28 недела.
Немие прв пат а неможам дс ги разликувам болкиве. Во 8 ипол ме фатија менструални во кичмата, станав се подвижив прекинаа. Во 9 пак ме фати па прекинаа сега пак амаа само половината и имам проѕирен исцедок. Ова се лажни или оние вистинските контракции? Од петок сум полна 35 а бебе мие понапредно за 2 ипол недели. Последно во петокот грлото ми беше 27.
Па три скрининга, ехо преку стомак 4-5пати за цела бременост, на секој преглед гледа вагинално што во Македонија не е пракса.
Јас поминав 3 скрининга.. на секои 2 недели анализа на мокрача тоа е прво кога отидам на преглед и мерење на притисок како и килажа(моја)...вагинално на почетокот од бременоста негде до 12 недела и после само ехо Во 33 недела ехо + вагинален преглед за цервикс, и до сега ми имат земено 2 пати крв еднаш за даунов синдром и втор пат за скриен шеќер.. ЦТГ прв пат во 27+5 а сега сум 36+3 и на секој преглед после 27гн имам ЦТГ ...тоа се од прилика мојте поминати прегледи
Пак дежурам, веќе втора недела. Мислев дека ќе се наспијам додека да излезе бепчо ама изгледа ништо од тоа. Како влегов во трето тромесечие, така си почна тремата. Секој ден го мислам шо ќе биде, како ќе биде, шо треба да се докупува, дури мислам овие денови да почнам торбица да спремам. Особено нервоза ме фаќа што ме чеша цело тело, мислам дека ќе распукам кај и е да е. Градите веќе се целите стрии и тежат, болат, капат. Сабајле сум на преглед, едвај чекам да го видам дечкото и да ми кажат дека сѐ е океј, да се смирам малку и да намалам со тоа паниките. Имам спремано милион прашања, а сигурно нешто ќе заборавам и така. Имајте убава вечер, сабајле пак ќе ви пишам.
Во глобала родилни болки не се смируваат сакаш мрдај сакаш оди боли додека не помине контракцијата, и си почнуваат на неколку минути. Мене цела ноќ ми беа на 10, 15 мин отидов тек наредниот ден кога беа на 4 5 мин. Ќе знаеш кога ти се родилни
Размислував од каде да почнам, па оваа тема ми се појави прва. Вчера бев на преглед кај гинекологот, инаку 11 недела сум и дознав дека носам близнаци. Не било само едно бебе како што видовме минатиот пат. Не можам да опишам колку сум среќна и воодушевена. Посакувам убавини кај секоја од вас.
Ова беа баш на пола саат ама се смирија може беа лажнните. Знам кога ќе фатат родилните немс смирување.
Па цтг по правило во нормална бременост се прави при крајот на бременоста (последните недели). Порано се прави само во високо ризични бремености и ако има индикации од типот: недоволно развиен плод, висок притисок, инфекции, фетална аритмија што се видела на ехо, крварење, дијабет, анемија кај мајката, сомнителен доплер итн итн... Кај мене исто го прават порано од 33та недела бидејќи можам секој момент да се породам.. Во останатото нема разлика во водење бременост од тука, освен што секој месец правам крвна слика + OGTT еднаш регуларно, гледам си пишала само 2 пати ти земале.
A што гледа вагинално? Плодот не може од доле да го следи. Цервикс ти мери? Друго не може да види, јас колку што знам вагинално се гледа до 12та недела, после тоа не се чепка освен ако мора.