Тоа се прегледите направени во Германија,а имам гестански дијабет и може поради тоа порано е поцнато со ЦТГ,немам информации мада ми е прво бебче и си мислев дека така е нормално дека имам другарки бремени во моментов во Италија а таму пак прегледите се сосема различни од овде и од мк
Не се секирај нормално е и на сите им го прават толку рано (во Германија) поради превенција,без никакви посебни индикации.
Дај Боже да не е вистина,ама има многу кои говорат за поврзаноста на вакцините со стерилитет кај младите.
Јас се депилирав со крема цела бременост, кога ја прашав докторката со што смеам, рече со што ти е згодно.
24+4 сум, денес ми даде докторката труднички појас зашто се пожалив на притисок во препони и срамна коска. Грлото беше добро но мануелно опипа и рече малку како ниско ми делува. Искуство ваше?
Носев за време на првата бременост,буквално неможев да одам без него.Истерав на работа до крај.Е арно ама требало да го извадам пред крај за да се спушти бебе,јас незнаев па заминав на пораѓај со бебе до желудник кое не слезе.
Здраво на сите. Денес бев на преглед и ми рекоа дека сум 2-3 прста отворена но цтг то беше мирно. Ми рекоа во понеделник сабајле пак да одам. Инаку немам никакви болки. Дали има некоја со слично искуство да ми каже колку време би издржала волку отворена? Термин ми е 30ти јули и би сакала да се породам колку можам поблиску до термин.
Здраво вчера бев на контрола 37 недела не ми правеа Ctg но на вагинален преглед ми кажа дека не сум отворена, но дека грлото на матката е меко. После колку време би можела да се породам
Кај мене 10 дена бев така па се породив, кај моја блиска 2 недели така беше, само кај неа правеа цтг на 2 дена