Сега кога ве читам се мислам дали да си земам , дека сум 27+4, но брадавиците ми се суви како да има ситни лушпи.
Нема правила.. Секоја идна мајка секоја бременост е индивидуа за себе..јас сум 37+6 немам капка течност не сум ни имала ниту жотко како што сум читала а ниту грутчиња.. Болка во градите на почетокот до 3ти месец и сега дури во 9ти, големината ми е иста дури мислам дека ми се обесија малку дека имав цврсти и дигнати гради..
Нема да погрешиш..јас земав една мала маст 10 мл од ДМ но моја другарка од мк ми кажа дека не е таа ( морам да спомнам дека е супер иаку е мало паковање и доста е мрсна искрено ми се допаѓа а беше околу 8 евра) и бидејќи не беше таа отидов и си порачав во аптека.. паковање 100 мл околу 6 евра, не е ни таа како на сликите во мк но мене ме потсеќа на Павловичева маст и по состав и по мирис а во аптека ми рекоа дека е на природна база и е погодна за употреба
Здраво женски. 32 недела сум но имам огромни болки во нозете и ноќе грчеви. Земам магнезиум од 400. Дали да зголемам на своја рака?
Има ли некоја бел исцедок во 37ма недела ? Јас од денес сум 37ма , приметив сабајлево бел исцедок а болки немам сеуште
Јас имам многу светло жолт веќе со денови и не знам зошто е. Ќе прашам во понеделнк на контрола.... ваљда не е пак уреоплазма или друго нешто слично...
Провери си за секој случај, кај мене е скроз бел исцедок.. Може се спрема или незнам, ќе видиме која има таков исцедок да сподели искуство
Секако, нема штета од магнезиум доколку имаш такви болки. Јас со првата бременост во тие недели пиев сабајле и наутро по 400мг со б6
Мами, тие од вас што патат од мигрена, колку често ви се активира во бременост и како се справувате? Мене ми е и во мајчината книшка дијагностицирана и имам писмена дозвола од доктор да пијам painkillers.
Со првата бременост нитуеднаш немав напад како никогаш да не ме болело глава,откако се породив ми се намалија нападите и имам пак ама поретко а сега со овааа бременост имам напади ама не се толку јаки се надевам здравје откако ќе се породам може скроз да исчезне . Пијам по потреба кафетин и нормално не се смирува сма малце ме олабавува нес помешано со кока кола,лажичка живо кафе(препорака од матичната)да го изедам( мн е гадно) лимони и се мачкам со Allga san кремата на главата , кремата е одлична ма природна база од чили пиперки и бор и многу гори мада веќе не ја ни осеќам од навика.
Хмм ова со кафето не сум баш сигурна. Има еден куп нови испитувања што тврдат дека кафето може да помогне ако е во мали количини едно на ден а во големи количини е тригер за мигрената. Јас во првата бременост имав до 12 недела некаде. Сега многу често на 2 недели. Страшни ужасни напади кој немал не знае. Пијам апчиња, морам. По 2 на ден
Јас почнав да ги јадам веќе неколку недели наназад, ама многу нередовно, на секој 3-4 денови ми текнува. Си шљапнувам по половина лажичка путер од кикирики на урма, ептен топ комбинација. Сега за сега (32ра сум) јадам по 2 само, кога ќе почнам 36та, планирам по 6. @Silvii демек урмите помагаат побрзо да се отвори матката, пократки да се фазите на пораѓај и поголеми да се шансите дека природно ќе се породиш. Сето тоа затоа што помагале побрзо да созрее матката, затоа се препорачуваат да се јадат тек во 9ти месец. Што е до мене, нема што да изгубиш, ако ништо друго барем многу влакна ќе внесеш. @sani99 на сите можни видеа што ги изгледав велат во 9ти месец да се пие чај од лист од малина. Демек помага за побрз пораѓај бидејќи ги заврстувало мускулите на матката што помага полесно да го истуркаш бебето. Јас ќе пробам и со чајов, не гледам причина зошто да не. Јас многу ја сакам Bridget Teyler на YT, има интересни видеа со добри совети. Еве едно околу тие неколку нешта кои демек помагаат:
Го имав истиот проблем. Откако почнав да пијам магнезиум 2*400 во денот ми се повлекоа грчевите, а сум поактивна во последно време поради чистење, спремање за бебето и немам никаков проблем со нозете. @Umm affan Честитки мајче, да сте живи и здрави.